Google Translate во ново руво. Што ќе ни понуди?

Google Translate ќе добие ново руво благодарение на подобрениот материјал или во круговите на девелоперите познати како Material Design 2. Некако се очекуваше вакво нешто да се случи, бидејќи Google Material Design веќе е виден во неколку апликации за паметни телефони, но исто така и на прелистувачот Chrome.

И сега, откако го добија Gmail, Google News, Google веб-страниците за поддршка, страницата на корисничката сметка, Android Messages, Hangouts Chat и Chrome Web Store, на ред е и Translate да почувствува многу промени кои што ќе го освежат.

За некои корисници веќе е достапен во Chrome и Firefox. За апликацијата да добие ново руво, достапно за светот ќе треба да поминат неколку недели, или месеци.

Material Design за Translate има се што досега веќе имаме видено од Google. Препознатливите бои, повеќе бела, а помалку сива, повеќе сино, повеќе заоблени агли и Product Sans font. Најважните промени се двата бокса на врвот кои му овозможуваат на корисникот да одлучи дали преведува текст, линк или поставен документ.

Покрај тоа, десктоп интерфејс сега повеќе изгледа како оној на mobile web верзијата, бидејќи менито на левата страна и трите икони за History, Saved и Community сега се наоѓаат на дното. Покрај тоа, кутиите ја завземаат целата ширина на екранот. Можеби во конечната верзија ќе здогледаме уште некој друг новитет.

Сето ова е уште еден чекор напред кој се наврзува на фактот дека Google со својот преведувач нуди низа можности во преведувањето и полека се наметнува како главна алатка на тоа подрачје, а е далеку позастапен во целиот свет. Секако, не е потполно точен, но колку толку служи за основно разбирање. Исто така, секој ден станува попаметен отколку досега.

Поддржете ја нашата работа: