Графенот конечно „магнетизиран“

Графенот се смета за материјал на иднината поради неговите несекојдневни оптички и електронски механички својства, особено бидејќи многу брзо спроведува електрони. Меѓутоа, графенот нема магнетни својства и затоа досега не бил пронајден ниту еден метод за да се манипулира со овие електрони или со нивните својства за да би можеле да се искористат во новите магнетно-електронски уреди.

Истражувачите од Институтот за напредни студии по нанонаука во Мадрид, Автономниот Универзитет во Мадрид, Институтот за материјални науки и Универзитетот во Баскија, откриле начин како да создадат моќно магнетно поле користејќи го овој материјал, и го опишале во весникот „Nature Physics“.

Тајната е да се постават атоми на олово под многубројните шестоаголници од јаглерод што го сочинуваат графенот. Ова предизвикува интеракција помеѓу две карактеристики на електроните: нивниот спин или ротирање околу сопствената оска , и нивната орбита односно нивното движење околу јадрото.

За да го добијат овој ефект, научниците поставиле слој на олово врз слој на графен, кој пак бил поставен на иридиумски кристал. Вака, оловото формирало „островчиња“ од електрони под графенот и електроните од овој дво-димензионален материјал се однесувале како во присуство на огромно магнетно поле од 80 Т ( околу 100 пати појако од магнетното поле на вашите звучници ) 

„Што е најважно, под овие услови, одредени состојби на електроните се тополошки заштитени, односно се имуни на дефекти, нечистотии и геометриски нарушувања. Со други зборови, ако ги споредиме со сообраќајот, при користењето на традиционални материјали возилата се движат по патека со една лента со што поверојатно е дека ќе се судрат, додека со новиот материјал имаме контрола на сообраќајот со две просторно одделени ленти, со што се спречуваат сударите“, вели Родолфо Миранда, главниот истражувач.

Спинтрониката е нова технологија која го користи магнетното вртење на електроните за да зачувува битови од информации. Се појави заедно со откривањето на огромната магнетна отпорност, пронајдок за кој Питер Грамберг и Алберт Ферт добија Нобелова награда за физика во 2007-ма година. Тоа е ефект кој предизвикува големи промени во електричниот отпор на повеќе-слојните материјали и доведе до развојот на компоненти кои варираат исто како читачите на главите на хард дисковите или сензорите во воздушните перничиња.

Првата генерација на спинтронски или магнетно-отпорни уреди била заснована на ефектот кој магнетните материјали го имаат на вртењето на електроните. Втората генерација, која веќе е во тек и е опфатена од ова истражување, се заснова на итеракцијата на вртењето и орбитата на електроните со што тие се однесуваат како да се во некое вистинско надворешно магнетно поле.

Крајната цел на научниците е да го контролираат типот на вртење на електроните во овој нов материјал со цел да го применат на електорoнските уреди во иднината.

Поддржете ја нашата работа: