Ширум светот се наоѓаат мистериозни точки на кои гравитацијата баш и не вреди – места каде автомобилите сами спонтано се лизгаат по ридот, а велосипедистите мораат добро да се потрудат за да се спуштат надолу по ридот.
Овој природен феномен е познат и под името гравитациони ридови и инспирирал гласини за вештерството и џиновските магнети закопани по ридовите, но научното објаснување ќе ве наведе во иднина да ја испитувате секоја падина а која и да наидете.
Постојат десетици пријавени гравитациони ридови ширум светот, во САД, во Бразил, Австралија, Британија и Италија, и сите имаат една заедничка работа: доколку го одвезете својот автомобил во подножјето на ридот и го ставите менувачот во неутрална положба, автомобилот сам од себе ќе тргне да се спушта по ридот.
Погледнете како човек фрла топка низ улиците на Пенсилванија, а таа се стркалала назад по ридот:
Излегува дека овој бизарен природен феномен е само една голема оптичка илузија, и оваа илузија е толку добра, што не е возможно да не верувате во неа без права опрема. Но доколку имате геодетска опрема или ГПС за да можете да ја измерите вистинската разлика помеѓу врвот и дното на падината, ќе сфатите дека всушност се е наопаку.
“Браната е навалена на начин што создава впечаток дека одите по угорница”, објасни физичарот Брок Вајс уште во 2006 година. Но ако ридот физички е навален на едната страна, тогаш автомобилите ќе добијат доста големо забрзување кога ќе тргнат, а нас очите секогаш ќе успеат да не излажат.
Психолозите велат дека за се е одговорен хоризонтот, без разлика дали е нејасен во областите со гравитациони ридови, така што немаме права референтна точка, или е хоризонтот видлив, но го прикрива начинот на кој ридот е под агол во однос на остатокот од теренот.
Следното видео е гравитациониот рид во Пенсилванија
Една студија од 2003 година испита како отсуството на хоризонтот исто така може да ја наруши нашата перспектива на гравитационите ридови со тоа што се создадени во лабораториски услови прави “анти-гравитациски” места да се види како ќе реагираат учесниците.
Научниците од Универзитетот Падова и Павија направиле столни модели на неколку гравитациони ридови од разни делови на светот, а потоа барале од учесниците да гледаат на нив низ дупка која им создава перспектива дека навистина се наоѓаат таму. Потоа го менувале хоризонтот на моделот со цел да влијае на перспективата на учесниците. Откриле дека без вистински видлив хоризонт, ознаки на теренот како сообраќајни знаци и дрвја, делуваат на учесниците на начин на кој им ја менуваат перцепцијата.
Ова е уште еден доказ дека, колку и да е нашиот мозок стабилен, сепак се е до нашата перспектива.