Можеби не сте слушнале за грима, но сигурно сте ја почувствувале кога сте слушнале шкрипење со нокти по табла или со нож по чинија. Единствено на шпански јазик постои израз за тоа чувство, а научниците сметаат дека таа емоција е одвоена од другите и заслужува посебно име.
Ние најверојатно ќе го опушеме тоа чувство како крајно непријатно, иритирачко, одбивно со звук кој предизвикува гадење, но на шпански јазик тоа е повеќе непријатно чувство на кое реагираме поинаку од обично.
Во студијата се вклучени учесници кои говорат германски и англиски јазик, во кои не постои израз за ова чувство. На учесниците им биле пуштени обични непријатни звуци и онакви кои кај луѓето предизвикуваат грима, а се покажало дека реакциите на тие звуци биле различни.
Кога на испитаниците им бил пуштен звук од шкрипење со нокти по табла, нивниот пулс се спуштил, потоа нагло се покачил за на крај да се нормализира после шест секунди, додека кога им пуштиле обични непријатни звуци, реакциите биле поинакви – пулсот многу побрзо им се забавил и било потребно помалку време за да се врати во нормална состојба.
Освен тоа, се покажало дека гримата не е рефлексна реакција, туку станува збор за емоционално искуство на кое влијаат нашите мисли и се разликува од честото чувство на гадење. Испитаниците од кои се барало да ги игнорираат звуците кои предизвикуваат грима, велат дека биле помалку непријатни за слушање, додека тоа не било случај со другите звуци.
Гримата главно се поврзува со звуците, но може да се јави и поради контакт со некој материјал, како што е пена, стиропор или кадифе.
Зошто шкрипењето по табла со ноктите предизвикува таква реакција сеуште не е познато. Во 2006 година беше откриено дека на човечкото уво средните фреквенции се најиритирачки. Таквите звуци се слични на предупредувачките крикови на шимпанзата, а научниците сметаат дека нашата реакција е еволутивен одговор за бегање од предатори.
Комплетната студија е објавена овде.