Хабл откри нова скриена месечина во периферијата на нашиот сончев систем

Пред неколку недели, научниците открија нова огромна галаксија која орбитира околу нашата. Сега, открија и нова месечина во периферијата на нашиот сончев систем.

Месечината орбитира околу втората најсветла ледена џуџеста планета – Макемаке, која се наоѓа после Плутон, во Кајперовиот појас, и изнесува околу 161 км. во дијаметар.

Што се случува и зошто досега научниците не ги забележале овие објекти во нашиот сончев систем?

Новата месечина, која привремено е наречена „S/2015 (136472) 1“, или скратено „МК 2“, најверојатно останала скриена поради тоа што е неверојатно темна, исто како и галаксијата која орбитира околу нашиот Млечен Пат.

Всушност, оваа месечина е 1.300 пати потемна од својата планета домаќин – Макемаке, поради што досега таа се сметаше за единствената далечна џуџеста планета без сателит.

Научниците сега со помош на телескопот Хабл забележале бледа точка која се движи околу неа на оддалеченост од околу 20.900 км.

hs-2016-18-a-web_print_webНаучниците сакаат и понатаму да го користат Хабл за да ја проучат орбитата на месечината, а со тоа да дознаат и нешто повеќе за составот и густината на џуџестата планета Макемаке, која претставува редок објект сличен на Плутон и можноста за нејзино проучување во поголеми детали е извонредна.

Ова ново откритие исто така ја зголемува сличноста помеѓу Макемаке и Плутон, бидејќи масата на Плутон исто така не беше позната се до откривањето на неговата месечина Харон во 1978 година.

Прилично е возбудливо тоа што има многу работи во вселената што се’ уште не сме ги откриле, нели?!

Истражувањето е доставено за рецензија и е објавено на сајтот „arXiv.org“ за други научници да можат да го видат и искажат своето мислење пред официјално да се објави.

Поддржете ја нашата работа: