Хемикалиите од пластиката ги загрозуваат идните поколенија на рибите

Често, водените средини како реките или потоците стануваат резервоари на загадувачи, вклучувајќи го и бисфенолот А.

Сега, истражувачите од Универзитетот во Мисури и научниците за геолошко истражување од САД откриле дека рибите кои се изложени на вакви хемикалии ќе пренесат негативни ефекти на своите поколенија дури до третата генерација. Овие откритија сугерираат дека бисфенолот може да има и негативни репродуктивни ефекти и за луѓето и нивните потомци кои се изложени на истиот.

Докажано е дека бисфенолот А ја имитира функцијата на природните хормони кај животните и луѓето. Рибите и другите водни животни се најмногу изложени на ваквите хемикалии за време на критичниот период во нивниот развој, па дури и во текот на целиот животен циклус. Иако тие може директно да не влијаат на загрозената риба, може негативно да влијаат на идните генерации.

За потребите на истражувањето, научниците ја изложиле јапонската риба медака на хемикалии кои го вклучувале и бисфенолот А, во период од една недела за време на ембрионалниот развој. Потоа проучувале четири генерации на нејзините потомци. Во првите две генерации не биле забележани никакви репродуктивни абнормалности. Но, во следните била забележана намалена стапка на размножување и зголемена смртност на ембрионите.

Научниците се загрижени дека доколку тој тренд продолжи, потенцијалот за намалување на вкупната популација може да се очекува во многу генерации подалеку од првичната изложеност.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt