„Хемиско пресметување“ како GPS уред

Овој трик работи на следниов начин: гел измешан со киселина се поставува на излезот на лавиринтот (дестинацијата), кој е исполнет со алкална течност. За кратко време, киселината се шири низ алкалниот лавиринт, но поголемиот дел од киселината останува заедно со гелот на излезот. Кога алкален раствор измешан со бои ќе се додаде на другата страна на лавиринтот, односно влезот, автоматски самиот си го бара патот до излезот, односно точката со најголема киселост.

Овој процес е пример на ефектот Марагони, кој делува бидејќи киселината во лавиринтот реагира со новододадениот обоен алкален раствор. Растворот пак, се одбива од мешавината на алкалната течност и киселината во лавиринтот и се упатува спрема изворот на киселост на излезот, оставајќи трага поради пигментот. Притоа, обоениот алкален раствор има тенденција да го избере најкраткиот пат. При брзањето, иако со помала веројатност, сепак може да одбере алтернативни патишта притоа оставајќи послаба трага од боја.

„Предноста којашто овој “хемиски компјутер“ ја има, во споредба со електронскиот, е тоа што ги наоѓа сите можни патишта истовремено. Нормалниот компјутер пресметува чекор по чекор една можност па друга, за што е потребно повеќе време“, објаснува Рита Тот од лабораторијата „Empa“. Иако веќе постојат методи за пронаоѓање на такви патишта со помош на користење на течни раствори, ова е нова техника која работи чисто хемиски и каде што обоена трага веднаш го покажува патот.

Како нареден чекор, истражувачкиот тим сака да се обиде со поголеми и посложени лавиринти. Овој метод веќе бил испробан во „реалниот свет“, со тоа што во малку поголем лавиринт, направен по моделот на едно соседство во Будимпешта, обоениот алкален раствор го пронашол најкраткиот пат до неговата цел – една пицерија. Научниците сметаат дека истото може да се примени и во планирањето на транспортот. Резулатите од истражувањето веќе пробудија голем интерес и статијата е една од најчитаните во весникот „Langmuir“.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: