Хемотерапија или витамин Д за рак на простата?

Тимот на научници детално ќе го опише пристапот на 249-та Национална средба на Американското хемиско здружение (ACS).
Доколку биопсијата покаже тумор на простата, патологот ја оценува неговата агресивност на скала позната како Глисон систем. Туморите со Глисонов збир 7 и погоре се сметаат за агресивни, со веројатност за ширење и неминовно хируршко отстранување на простатата (простатектомија) или радиотерапија. Спротивно на тоа, туморите на простата со Глисонов збир 6 и подолу, се помалку агресивни, а во некои случаи може и да не се јават никакви симптоми или здравствени проблеми во текот на целиот живот.

Во случај на ниско рангиран  рак на простата, многу уролози не ја лекуваат болеста и применуваат нешто што се нарекува „активен надзор”, вели д-р Брус Холис од Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина. Лекот – што значи операција или зрачење – е веројатно полоша опција од болеста, така што тие чекаат една година, а потоа се прави уште една биопсија за да се види состојбата на пациентот.

Сепак, информацијата дека тие имаат дури и  „безопасен“ рак на простатата може да предизвика прекумерна анксиозност кај пациентите и нивните семејства, што ги поттикнува некои од мажите да се подложат на простатектомија, и покрај ризикот од компликации како што се инфекција, уринарна инконтиненција и еректилна дисфункција. Но, пациентот мора да почека 60 дена од моментот на неговата биопсија пред да може да се подложи на простатектомија, така што во меѓувреме воспаленијата може да почнат да се повлекуваат.

Холис се прашувал дали земањето на витамин Д за време на 60-дневниот период на чекање ќе влијае на ракот на простата. Неговите претходни истражувања покажале дека 55 % од пациентите кои земале витамин Д во текот на една година покажуваат намален Глисонов ранг или дури и целосно исчезнување на нивните тумори во споредба со првични биопсии.

Во новите рандомизирани контролирани клинички испитувања, вклучени биле 37 мажи кои биле на листата за простатектомија. На една група им биле давани 4.000 ИЕ (интернационални единици) на витамин Д дневно, а другата била плацебо група. 60 дена подоцна жлездите на простата биле отстранети и анализирани.

Прелиминарните резултати  укажуваат на тоа дека многу од мажите кои примале витамин Д имаат подобрувања во нивните тумори на простата, додека туморите во плацебо групата останале  исти или полоши. Исто така, витаминот  Д предизвикал драматични промени во нивоата на многу клеточни  липиди и протеини, особено оние кои  предизвикуваат воспаление.

Ракот е поврзан со воспаление, особено во простатата. Витамин Д е навистина успешен во борбата против воспаление на жлездата. Протеините кои најсилно се предизвикани од витаминот Д се наречени  диференцијален фактор на раст 15 (GDF15). Повеќе за улогата на “GDF15“ може да прочитате во една од нашите претходни статии.

 

Поддржете ја нашата работа: