Хидрогел од змиски отров за секундарно запирање на крварењето

Во хидрогелот наречен „SB50“ е вметнат батроксибин, тип на отров што го продуцираат два типа јужноамерикански змии.

Коагулантните својства на батроксибинот се одамна познати, но помешан со хидрогелот – кој се состои од синтетички самоврзувачки нановлакна, создава коагулант кој делува уште побрзо. Кога ќе се внесе како течност на местото на раната, супстанцијата се стврднува во вид на гел затварајќи ја раната на начин сличен на природните процеси во телото. Во лабораториските тестирања за  коагулација биле потребни само 6 секунди.

Ваквата исклучително брза реакција на хидрогелот може да биде од огромна важност кога се работи за итни хируршки интервенции, особено кај пациенти кои земаат антикоагулантна терапија, како што е хепаринот.

Хепаринот ја блокира функцијата на ензимот тромбин што во нормални услови помага крвта да коагулира за да спречи обилни крварења при исеченици или повреди. Според Хартгеринк, батроксобинот ја врши истата функција како тромбинот, но хепаринот не може да ја блокира неговата функција, со што овој гел може да биде од животна важност кај пациенти кај кои крвта е многу разредена за може да кагулира без помошни средства.

„Од клиничка перспектива ова е едно од најважните прашања. Постојат многу различни средства што можат да ја поттикнат коагулацијата, но кај пациентите кои се на хепарин повеќето од нив не делуваат или делуваат споро или недоволно“- вели Џефри Хартгеринк еден од истражувачите.

За жал, овој хидрогел мора да помине повеќегодишни тестирања пред да биде одобрен за употреба како тераписко средство. Интересно, тоа не е заради змискиот отров што се користи. Батроксобинот што се користи во хидрогелот не е земен директно од змии, туку е продукт на генетски модифицирана и прочистена бактерија и веќе е одобрен од американската Администрацијата за храна и лекови. Но, за синтетичкиот гел сепак ќе бидат потребни обемни тестирања пред да се прогласи како безбеден за користење во медицински цели.

Овие наоди се објавени во „ACS Biomaterials Science and Engineering“.

Поддржете ја нашата работа: