Ако некогаш сте се запрашале, хомеопатијата е еднакво ефективна како секој друг плацебо. Помеѓу другите, тоа го потврди и новата студија од Универзитетот Бонд.
Хомеопатијата е форма на алтернативната медицина, предложена од германскиот физичар Самуел Ханеман во 1796, кој се обидел да ги лечи своите пациенти со силно растворени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето. Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување.
Ваквиот процес го нарекуваат „потентизација“. Покрај симптомите од болеста, хомеопатите користат аспекти на физичката и психолошка состојба на пациентот од препорачаните лекови. Хомеопатските лекови, се сметаат за потполно безбедни. Меѓутоа, некои хомеопати биле критизирани затоа што своите пациенти ги изложувале на ризик, а притоа ја избегнувале конвенционалната медицина како вакцинацијата, анти-малариски лекови и антибиотици.
Хомеопатските лекови содржат неколку или пак воопшто не содржат фармаколошки активни молекули и за таквите лекови да имаат фармаколошки ефект треба да се прекршат основните принципи на науката. Научните изтражувањани претходно не успеаа да ја докажат ефикасноста на хомеопатските лекови, но овој пат имаме иште една теорија.
Професорот Пол Гласио од Универзитетот Бонд во Австралија предводел истражување заедно со Националниот центар за медицински истражувања и резултатите покажале дека хомеопатијата е неефикасна, при што со прегледи заклучиле дека контроверзниот алтернативен третман нема ни малку поголем еект од било кој друг плацебо лек.
Тимот испитал докази кај 176 случаеви во кои било применето лекување со хомеопатија, со цел да ојдат до заклучок дали овој третман е валиден. Меѓу набројаните случаеви, имало вкупно 68 здравствени проблеми и состојби, а откриено е дека не постои ни еден доказ дека хомеопатијата е поефикасна од плацебо.
“Лекарите веруваат дека на овој начин се разградуваат повеќе состојки и токму тоа дава поголема еикасност во лекувањето на симптомите. Различните хомеопатски лекови содржат супстанца која е разредена повеќе пати и вои кон тоа да оргигиналната супстанца потполно исчезне”, наведува Гласио.
Тој додава дека сепак го разбира основачот на хомеопатијата Самуел Ханеман зошто се завртел кон овој метод на лекување. Доволно е само да се потсетиме како изгледало здравството во 18ти век и на кое незадоволително ниво се наоѓало.