Хуманоидниот робот Атлас се’ повеќе наликува на човек

Дојдовме чекор поблиску до оние роботи кои можат да одат и наликуваат на човек, како од светот на „Војна на ѕвездите“. Сега научниците развија нов алгоритам за движење кој му овозможува на роботот Атлас да оди низ груб и нерамен терен.

Повеќето роботи можат да се движат само на рамна површина. Овој контролен алгоритам, развиен од страна на Институтот за човечка и машинска когниција (IHMC) во Флорида, за роботот Атлас кој пак е развиен од американската компанија од „Boston Dynamics“, имитира човечки начин на размислување за разгледување внимателно пред да се направи чекор. Роботот Атлас се балансира себеси пред да стапне на нерамна површина.

„Нашите хуманоидни проекти се фокусирани на тоа да им се овозможи на нашите двоножни хуманоиди да можат да одат на груб терен без да им бидат потребни сензори за да изградат модел на теренот. Нашата цел е да се справиме со се потешки предизвици при одењето“ – изјавуваат програмерите од „IHMC“.

Овој робот за прв пат е претставен во 2013 година, но во последно време постојано се надградува поради предизвикот „DARPA“, натревар финансиран од Владата на САД. Компанијата, која е подружница на „Google“, постојано го развива овој робот за да биде колку што е можно поблиску до човечката форма. Особено, тие се фокусираат да го опремат роботот со рамнотежа и агилност, квалитети кои традиционално ќе бидат доста тешки за роботите.

Хуманоидните роботи, кои некогаш беа само дел од приказните, полека доаѓаат на живот.

Денес, тие се усовршуваат во одењето низ урнатини и одржување на рамнотежа на тенки штици од дрво. Утре, би можеле да станат неопходни партнери во нашиот секојдневен живот.

Пресметаните чекори кои сега роботот Атлас ги прави, може да бидат значајни по живот кога правилно би се употребиле. Па, како на филмовите, можеби во иднина ќе има вештачко интелигентни даватели на здравствени услуги , полицајци, и многу повеќе.

Поддржете ја нашата работа: