И мајмуните паѓаат на маркетиншки трикови

Исто така, повеќе ќе препорачаат некоја медицинска процедура ако им кажат дека има „50% шанса за успех“, отколку „50% шанса за неуспех“, иако, повторно, се работи за истото. Изгледа дека луѓето не се единствениот вид под влијание на маркетингот.

Едно истражување од Универзитетот Дјук во САД, покажува дека и шипанзата и бонобо мајмуните прават разлика помеѓу позитивното и негативното „врамување“, односно претставување на работите.

Научниците спровеле истражувања на 23 шимпанза и 17 бонобо мајмуни кои требало да изберат помеѓу грст јаткасти плодови или овошје.

Во една серија испитувања, научниците позитивно го претставиле овошјето, со тоа што нуделе едно парче овошје со 50% шанса за бонус парче како изненадување.

Во друга серија испитувања, негативно го претставиле овошјето, со тоа што нуделе две парчиња овошје наместо едно, меѓутоа доколку мајмуните го одбрале овошјето, половина од времето биле измамени и добивале само едно парче.

Шимпанзата и бонобо мајмуните повеќе го одбирале овошјето кога им била понудена помала количина, а понекогаш добивале поголема, отколку кога првично им била понудена поголема количина, а понекогаш добивале помала, иако всушност на крајот добивале иста количина овошје (едно парче).

Истражувањето е објавено на 11 февруари во „Biology Letters“ и е дел од едно поголемо истражување за тоа како психолошките фактори влијаат на однесувањето и одлучувањето.

„Луѓето имаат тенденција да преферираат нешто кога се истакнати неговите позитивни атрибути, наместо негативните, иако всушност изборот е ист. Научниците порано мислеле дека ова е резултат на човековата култура, начинот на кој се социјализираме или искуството од финансиските пазари. Но, фактот дека и мајмуните, нашите најблиски роднини, го покажуваат истото однесување, сугерира дека тоа е длабоко вкоренето во нашата биологија“, велат научниците.

ЕНаука.мк ги следи и пренесува најактуелните новости, истражувања и достигнувања во повеќе научни области.

 

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt