И мрзеливоста си има мотиви

Одложување,  правење на нештата бавно или недостаток на желба да се направи било што?  Мрзеливоста е негативна особина, секако. Дури ја има во 7-те смртни гревови. Но, не е доволно разбрана.

Пред да етикетираме некого како мрзелив кога не го прави она што се очекува од него,  најпрво да ја дефинираме. Мрзеливоста сама по себе не е само недостаток на активност, туку недостаток на мотивација.

Секој од нас во одреден момент се соочува со тешкотии да започне или да доврши одредена задача. Во однос на мрзеливоста и нејзините различни последици,фактори кои ја намалуваат или поткопуваат мотивацијата се следниве.

• Недостаток на чувство на само-ефикасност. Само-ефикасност е убедувањето дека  ако намислиме нешто, ќе успееме ефективно да го направиме. Без соодветна самодоверба, сепак, ние може да не веруваме  дека сме способни да успех , па не се ни обидуваме. Се ограничуваме и дејствуваме само во рамките на нашата удобна зона. Друга можност е дека дури и откако успешно ќе започнеме нешто, поради сомнежите  за нашата само-ефикасност, ќе продолжиме да ги одложуваме активностите.

• Недостаток на доволно емоционална поддршка. Без доволно охрабрување, едноставно не можеме доволно да се мотивираме. Како возрасни, ние би требало да бидеме способни за само мотивација и инспирација. Но, многу од нас се уште зависиме од другите.

• Сакате , но не очекувате дека другите ќе ви дадат признание. Кога ние правиме нешто, тоа обично  е поврзано со очекување на награда  – материјална или емоционална, внатрешна или надворешна .Ако во минатото, нашата апликација и трудољубивост  не го добиле посакуваниот позитивен фидбек , мотивацијата за идните активности се намалува.

• Недостаток на самодисциплина. Луѓе кои немаат самодисциплина, исто така, немаат самодоверба, односно значителни дефекти во нашата слика за себе ја поткопуваат довербата во нашите способности и овој недостаток на самодоверба, негативно влијае на развојот на самодисциплина – што секако е потребно за постигнувања кои би ја подобриле самодовербата.  Од психолошка гледна точка, ова е еден од најпознатиот „маѓепсан круг“

• Недостаток на  интерес за  самиот зафат. Ако задачата е досадна, најверојатно ќе сакаме целосно да ја избегнеме. Но ако веќе тоа не е можно, ќе сработиме едвај просечно. Пред да  прогласиме некого за мрзелив, треба да бидеме свесни дека во самата човекова е природа е да се избегнуваат нешта кои ги доживуваме како непријатност или товар.

• Амбивалентност – или недостиг на  верба дека акцијата ќе биде вредна  за напор. Ако некои од нашите приоритети и вредности се во дилема, ние буквално не знаеме во која насока да тргнеме. Спротивставените  мотиви  за приближување или избегнување може да се еднакво јаки , што води кон еден вид  на неподвижност. Без вербата дека одреден акт на некој начин ќе го  подобри квалитетот на нашиот живот е  тешко (ако не и невозможно) да се превземе неопходната иницијатива.

• Страв од неуспех, кој повторно се поврзува со самодовербата.Доколку во детството сме биле критикувани, ние всушност не превземаме ништо ако не сме сигурни дека е доволно добро. Всушност, она што се нарекува негативен перфекционизам, често потекнува од родители со нереално високи стандарди.

•  Потоа тука се јавуваат стравот од одбивање или отфрлање, чувство на обесхрабрување, безнадежност, суета , итн. Сите овие чувства, расположенија или состојби на умот може да не доведат до апатија , каде што веќе не се грижиме за ништо. Ова е болна, безнадежна состојба во која  нашата волја е парализирана. И во таква состојба практично нема задача која ни се чини вредна за правење. Ова летаргично избегнување, налик на мрзеливост, нема апсолутно никаква врска со мрзеливоста, туку со депресијата.

• Став на песимизам, цинизам, непријателство или горчина. Ова се резултати на разочарување и отпор. Буквално се вклопуваат во реченицата “ подобро да се спречи, отколку да се лечи“.

Има всушност  книга со наслов Митот за мрзеливост  од педијатарот Мел Ливајн, во која зборува  за т.н. „мрзливи” деца кои всушност не можат да го извршат нивниот вроден потенцијал.  Овие неуспеси се предизвикани од страна на различни биолошки, невролошки и психолошки дефицити.

Секако, немаме за цел да ја оправдаме мрзеливостa. Меѓутоа важно е да ја разликуваме од останатите состојби. Со разбирањето на факторите кои влијаат за нејзина појава, ќе успееме да ја контролираме и во крајна линија, надминеме.

Поддржете ја нашата работа: