И мувите чувствуваат страв

Во секој случај, сигурно сте помислиле како ефикасно да се ослободите од нив. По сѐ изгледа, мувите препознаваат опасности и летаат што подалеку од сѐ што може да им го загрози животот.

„Кај луѓето, стравот е нешто што опстојува подолг временски рок за разлика од примарниот рефлекс за бегство”, вели Вилијам Гибсон од  Калифорнискиот институт за технологија во Пасадена, Калифорнија. „Нашите согледувања укажуваат дека мувите се во постојана состојба на дефанзивна возбуда, која има доста сличности со стравот.

Ова не значи дека мувите ги делат истите емоционални реакции на страв како луѓето, но основата наликува на нашата.

Заобиколена акција

Гибсон и неговите колеги ги изложиле мувите на надземни сенки налик на крилести предатори, како птици. Колку повеќе сенки биле изложени, толку повеќе мувите манифестирале двосмислено однесување- скокање или вкочанетост.

Како што се забрзувало времето на појава на сенките, брзината на бегање на мувите се дуплирала.

Дополнително, истражувачите им нуделе храна на прегладнетите муви, но дел од патот кон оброкот бил под „закана“ на сенки.

„Колку повеќе сенки се користени како пречки до оброкот, толку повеќе време им е потребно на мувите да се вратат и да се обидат повторно “, вели ко-авторот Дејвид Андерсон.

Истражувачите ги споредуваат реакциите со оние кај лица коа се сведоци на пукотници. Со зголемување на бројот на истрели се зголемува стравот, без оглед на околностите.

Споредување на однесувањето

Резултатите обезбедуваат релевантни докази за реакции на вознемиреност кај муви, кои личат на соодветното однесување кај цицачите.

Гибсон и неговите колеги сега планираат да ја испитуваат генетиката и неврофизиологијата зад овие реакции, а можеби дури и да ги користат мувите како модели за истражување на човечкиот страв. „Мувите можат да бидат добар модел за емоционалната состојба, поради релативната едноставност на нивниот нервен систем”, вели Гибсон.

Дали тие ќе бидат добар модел се’ уште е дебата, бидејќи не сите се согласуваат дека системот на страв кај мувите може да се квалификува како емоција. Сепак, се чини дека мувите се мотивирани од страна на аверзивна состојба која се јавува како одговор на потенцијална закана за животната средина, како и многу други организми, вклучувајќи не и нас.

За некои од научниците  овој наод воопшто не е изненадувачки затоа што стравот е механизам кој еволуирал во текот на милиони години за заштита.  Неговото постоење, всушност сведочи за ефикасноста. Во спротивно, природната селекција ќе се ослободеше од него.
Поддржете ја нашата работа: