И покрај протестите, Јапонија се враќа на нуклеарна енергија

Првиот чекор на премиерот Шинзо Абе е активирањето на првиот реактор во нуклеарниот комплекс Сендаи во јужниот дел на земјата, поточно островот Кјушу. Се очекува домаќинствата да почнат да добиваат електрична енергија од нуклеарниот реактор до петок (14.08.2015), а планот на премиерот е до 2030 година да овозможи 20-22% електрична енергија од нуклеарните реактори (за споредба, пред нуклеарната катастрофа во Фукушима, нуклеарните реактори произведуваа 30% од електричната енергија).

Очекувано, луѓето во Јапонија немаат доверба во нуклеарната енергија па се собраа демонстранти пред нуклеарната централа во моментот на нејзиното повторно отварање. Претходно, во текот на овој месец, една анкета од весникот „Mainichi Shimbun“ покажа дека 57% од жителите на Кагошима се противат, а 30% го поддржуваат повторното враќање на нуклеарна енергија. Но, надлежните сепак изјавија дека атомската енергија е поевтина од увозот на нафта и јаглен и дека тоа ќе им помогне да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Но, што доколку повторно се случи некаква несреќа?

Уште еден проблем претставува нуклеарниот отпад. Според „The Japan Times“ околу 17 илјади тони нуклеарен отпад е складиран во привремени базени за складирање од кои некои се очекува да го исполнат својот капацитет во рок од три години.

Поддржете ја нашата работа: