„IBM“ креираше револуционерен чип на 7нм технологија

Ова откритие, во соработка со „GLOBALFOUNDRIES“ и „Samsung“, може да резултира со можноста да се постават повеќе од 20 милијарди мали прекинувачи – транзистори, на чип со големина на нокт, од кој би можело да се напојува се’ – од паметни телефони до вселенски летала.

За да постигнат подобри перформанси, пониска потрошувачка на енергија, како и за да ги искористат придобивките на технологијата од 7нм, истражувачите морале да ги заобиколат конвенционалните начини за производство на полупроводници.

„За бизнисот и општеството да можат да ги извлечат придобивките од компјутерите и уредите во иднина, скалирањето до 7нм. па и повеќе, е од суштинско значење, вели Арвинд Криша, заменик претседател и директор на одделот за истражување на „IBM“. „Затоа „IBM“ остана посветена на агресивната агенда на основно истражување, која постојано ги турка границите на полупроводничката технологија. Овој чекор е резултат на децении на истражувања кои го поставија темпото на индустријата на микроелектрониката“.

 


Микропроцесорите кои користат технологија од 22нм. и 14 нм. ги напојуваат денешните сервери, центри за податоци и мобилни уреди, а технологијата од 10нм. е на патот до созревањето. Тоа значи дека истражувачите постигнаа речиси 50 процентно подобрување на денешната најнапредната технологија, што може да резултира со најмалку 50 процентно подобрување на перформансите за следната генерација на енергетски системи.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt