Идентификувани крвни клетки одговорни за ширењето на туморите

Со години на научниците им е познато дека кај пациентите заболени од рак има изобилство од клетки познати како „MDSC“ (myeloid-derived suppressor cells) за разлика од здравите луѓе. Овие клетки го поттикнуваат растот на туморот и го потиснуваат дејството на специјализираните Т – клетки кои ги таргетираат и уништуваат клетките на туморот. „MDSC“- клетките имаат заедничко потекло во коскената срцевина, која ја напуштаат и патуваат низ телото за да се диференцираат во имуни клетки со различна функција. Блокирањето на Т-клетките е една од основните функции на „MDSC“- клетките.

Сепак, сѐ досега, обидите да се одредат клетките одговорни за анти-туморскиот имун одговор беа неуспешни, со што беа оневозможени и напорите да се подигне имуниот систем за да се бори против болестите.

Истражувачите, работејќи во лабораторија на модели од глувци со рак, покажале дека имуно-супресијата поврзана со „MDSC“- клетките е првенствено работа на група бели крвни клетки што се нарекуваат моноцити. Моноцитите „ги подигаат“ макрофагите кои помагаат да се исчисти мртвото или оштетеното ткиво, да се борат против ракот и да го регулираат имуниот одговор.

„Ги идентификувавме моноцитите како многу важнa цел, не само во борбата со ракот, туку како веројатна можност за третман и на други автоимуни заболувања како на пр. ревматоидниот артритис и воспалителните заболувања на цревата, каде што намалувањето на имуниот одговор може да донесе олеснување. Идентификувавме и фактори за раст и други молекули од суштинско значење за опстанокот и функцијата на моноцитите. Ова истражување претставува значаен чекор напред во напорите да се развие оптимален имунотераписки третман за ракот“, истакнуваат истражувачите од „Свети Јуда“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt