И тоа не е сѐ. Научиците работат на фузирање на енергијата, како и на изнаоѓање начини како да ја искористат енергијата од вселената.
Обновливите извори на енергија ги користиме веќе долго време. Ги имаме водата, ветрот и сонцето. Но на овие извори отпаѓа само 13% од производството на електрична енергија во Америка. Во иднина, научниците се надеваат дека ќе ги комбинираат овие извори во хибридни форми на самите себе, но и на нови неискористени извори на енергија. Еве само неколку примери на она што ќе можете да го видите во иднина, што можеби изгледаат како научна фантастика, но всушност се многу реални.
1. Може да ја „симнеме“ енергијата од вселената
Ова можеби личи на епизода од „Џетсонови“, но Јапонците прават планови за изградба на соларна електрана во вселената. Всушност се работи за огромен сателит кој ќе вклучува неколку таканаречени соларни колектори (нешто како соларните панели), кои ќе ја собираат сончевата енергија, што инаку би ја заобиколила Земјата. Енергијата би се пренесувала на Земјата или во форма на ласерски зраци или микробранови. Се разбира, концептот е се“ уште во рана фаза на развој.
2. Може да имаме соларни панели на чудни места
Овде на Земјата, сончевата енергија ја собираме со помош на соларни панели поставени на покривите , настрешниците, па дури и прозорците. Но, сега тие можат да се видат насекаде. Во Кореја, на пример, инженерите ги поставиле соларните панели над патеките за велосипеди, во вид на тунел низ кој може да се поминува. Во Холандија пак, инженерите ги поставиле соларните панели во самата велосипедска патека. Во Калифорнија, соларните панели се поставени над резервоарите за вода, не само за да генерираат енергија, туку и да ја блокираат сончевата светлина, за да се спречи испарувањето на водата, што е важно, со оглед на постоечката суша.
3. Може да видиме ветерно-соларни хибриди на стероиди
Почнуваат да се спроведуваат планови за изградба на огромна, околу 700 метри висока кула во пустината во Аризона која ќе произведува чиста енергија. Тоа ќе биде втора највисока градба во светот. Еве како работи. Со серија од пумпи водата ќе се испраќа на врвот од кулата. Водата се вбризгува во отвор од тунел кој е дел од кулата и создава магла. Тука маглата ќе се меша со сувиот пустински воздух кој бил загреан од сонцето. Сувиот воздух ќе ги апсорбира водените честички и станувајќи тежок, ќе паѓа низ тунелот што создава ветер кој ќе ги врти турбините во основата, кои го напојуваат генераторите што ќе произведуваат енергија.
4. Можеби ќе ја фузираме енергијата
Да, фузирана енергија. Ова можеби не е обновлива енергија, но сепак може да биде енергија на нашата иднина. Се произведува кога водородот ќе достигне температура над 100 милиони степени Целзиусови. Во тој момент, водородот се задржува во специјални магнетизирани ситеми, каде позитивните водородни атоми, од кои се одземени електроните, се фузираат и формираат хелиум. Оваа фузија создава енергија.
Составен е меѓународен тим од истражувачи да ја дизајнира и веројатно да раководи со првата централа за фузирана енергија, која би требало да почне со работа најрано во 2027 година. Но, научниците се обидуваат да најдат побрз начин за создавање фузирана енергија што ќе биде остварлив.
Впрочем, фузијата се случува и на нашето Сонце. На екстремните температури на нашата ѕвезда, атомите реагираат на истиот начин за да создаваат енергија. Тоа значи дека, поголемиот дел од енергијата за целото човештво, доаѓа од нуклеарната фузија.
Замислете ги сите извори на енергија што почнавме да ги користиме со почетокот на индустриската револуција, пред околу 225 години – нафта, природен гас и јаглен, кои ги напојуваа зградите, машините, транспортот. Овие фосилни горива се создадени од мртви растенија и животинска материја, кои биле компримирани во Земјата милиони години. Животните се хранат со растенија. Растенијата ги добиваат материите што им се потребни за раст преку фотосинтеза. Сонцето ја предизвикува фотосинтезата. Ја гледате ли поврзаноста тука?
Скоро сите извори на енергија се поврзани со сонцето. Но, што мислите, ќе остане ли сонцето нашиот најголем извор на енергија. Или ќе преминеме на вселенската енергија или вештачката фузија? Што ќе донесе иднината?