Игра на меморија за шизофреничари

Научниците од Универзитетот во Кембриџ извршиле тестирање на мал број на пациенти кои ја играле играта во текот на четири недели. Забележани се подобрувања во меморијата и учењето.

Играта се вика „Волшебникот” (aнг. Wizard) и е дизајниранада им помогне за т.н. епизодна меморија – тип на меморија потребна да се сетите каде ги оставивте клучевите пред неколку часа или каде го паркиравте автомобилот во повеќекатна гаража.

Шизофренијата е долгорочна ментална здравствена состојба која предизвикува голем број на психолошки симптоми, кои се движат од промени во однесувањето до халуцинации и илузии.

Додека некои психотични симптоми можат да се држат под контрола со лекови, пациентите често се’ уште имаат проблеми со меморијата и когнитивните функции, што значи дека тие се борат да се вратат на работа или училиште.

Постојат се повеќе докази дека компјутерски асистиран тренинг може да им помогне на луѓето со шизофренија да надминат некои од нивните симптоми и да се подобри квалитетот на секојдневниот живот.

Оваа студија, објавена во списанието „Филозофските Трудови на Кралското друштво Б“, покажа дека 22 пациенти кои ја играле играта на меморија направиле значително помалку грешки со значително помалку обиди да се потсетат на локацијата на различни модели и специфични тестови.

Тие, исто така, ги подобриле своите резултати на скалата на глобална проценка на функционирање (GAF), која докторите ја користат за класификација на општественото, професионалното и психолошко функционирање на возрасните.

Поважно, пациентите уживаат во играта и се мотивирани осум часа, колку што е потребно за когнитивната обука. Истражувачите велат дека ова е важно, бидејќи недостатокот на мотивација е честа карактеристика на шизофренијата.

„Потребен ни е начин за лекување на когнитивните симптоми на шизофренија, како што се проблемите со епизодната меморија, а развојот на третман со лекови се’ уште оди бавно”, вели Барбара Сахакиан од одделот за психијатрија на Универзитетот во Кембриџ.

Играта е достапна од 02.08. 2015 година.

Поддржете ја нашата работа: