Новото истражување направено од научниците од Хебрејскиот Универзитетот во Ерусалим, и од Германија и од САД , покажува дека начинот на кој мозокот го организира неговиот визуелен осет е зачуван дури и кај луѓе што се родени слепи и дека начините на функционалната поврзаност помеѓу деловите за визуелизација и за топографска претстава за простор (горе /доле, лево/десно итн.), може самостојно да се развиваат, без да постои вистинско визуелно искуство.
Овие наоди сугерираат дека, речиси половина век старите верувања дека визуелниот кортекс – дел од мозокот кој е одговорен за осетот за вид, воопшто не може соодветно да се развие кај луѓето што се родени слепи, не се во целост точни.

„Некои од основните процеси на поврзувања во мозокот се веројатно генетски управувани и не се потребни никакви надворешни сензорни информации за нивно активирање, додека за други процеси, навистина е потребна визуелизација за да се „специјализираат“- велат научниците.
Наодите се објавени во списанието „Brain“
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























