Овие наоди се од голема помош за разјаснувањето на заштитната улога на комензалите во кожата и за тоа како варијациите на микробите во различни делови на кожата влијаат на појавата на кожни болести.
Кожата е дом на различни микробни заедници кои се менуваат со текот на времето. Во тековното истражување, научниците откриле дека населувањето со различни комензали доведува до производство на специфични комензални имунолошки клетки. Тие детално опишуваат како најчестата комензала „Staphylococcus epidermidis“ го подобрува имунолошкиот одговор против патогените без да предизвика воспаление. Кај кожата на глувците со „S. epidermidis“ било забележано зголемување на бројот на имунолошките клетки „CD8 + T“, кои го произведуваат хемискиот посредник „IL-17A“. Дендритичките клетки, друг вид на имунолошки клетки, играат клучна улога во генерирањето на овој специфицен одговор. Глувците со „S. epidermidis“ биле заштитени од габични инфекции кои водат до болест. Со намалување на клетките „CD8 + Т“ или неутрализирање на „IL-17A“, заштитниот ефект се губи.
Способноста на различните микроорганизми да влијаат на различни аспекти на имунолошкиот систем, без да предизвикаат воспаление ја отвора можноста за откривање на нови супстанци за зголемување на имунитетот. Идните истражувања ќе се фокусираат на идентификување на специфичните хемиски патишта и начинот на кој го стимулираат имунолошкиот систем.