Вклучува неколку oбласти: наука и технологија, култура, меѓународна мир и безбедност, светски поредок, планета и клима, просперитет и еднаквост, како и здравје и благосостојба.
Ирска е на врвот, веднаш по неа се Финска и Швајцарија додека Ирак, Виетнам и Либија се на дното на листата.
Македонија е рангирана на 55-тото место, иако одредени податоци се сомнителни особено податокот дека нашата земја е рангирана на 119-то место од 125 во областа допринос за планетата и климата , додека пак нашиот сосед Србија во истата област е на претпоследното 124 место.
Некои од земјите не се вклучени поради недостаток на податоци.
Големо изненадување е Кенија, на 26-тото место, што е показател дека благосостојбата не е прашање на пари. Причината зошто некои посиромашни земји се високо рангирани е тоа што резултатот од индексот се дели со БДП (бруто домашен производ).
Малта е на врвот во категоријата култура. Египет и Јордан се победници во категоријата мир и безбедност, како резултат на нивното учество во мисиите на ОН и намалената продажба на оружје.
Авторот се надева дека овие наоди ќе поттикнат дискусија и акција за промени. Денес, кога светот се соочува со огромни предизвици, повеќе од потребно е секоја од земјите да вложува како на внатрешно, така и на меѓународно ниво, посебно за глобалните проблеми како што се климатските промени, тероризмот, пандемииите и тн.