Тие велат дека нивниот повик е последица на увидот за црните дупки како резултат на создавањето на визуелните ефекти во холивудскиот филм.
Експертите, исто така, потврдија дека описот на црвоточините (wormholes) е научно точен. Нивните впечатоци се објавени во „Аmerican Journal of Physics“ и во „ Classical and Quantum Gravity“.
Еден од издавачите, д-р Дејвид Џексон, изјавил дека ваквата реакција од страна на научната јавност и публикациите била прилично очекувана.
Трудовите со позитивни критики за филмот ќе ги охрабрат наставниците по физика да го прикажуваат филмот на своите ученици и на тој начин да ги разгледаат идеите за општата релативност.
Режисерот на „Интерстелар“, Кристофер Нолан вели дека овој предлог е многу значаен за него.
„Уште од почетокот сите ние навистина верувавме дека е време да ги инспирираме новите генерации да погледнат кон ѕвездите. Се надевавме дека спојувањето на науката и уметноста ќе биде забавно за децата, па дури и ќе влијае на идните астронаути“.
Нолан соработувал со Кип Торн, професор по теоретска физика од Калифорнискиот институт за технологија (Caltech), кој исто така беше еден од извршните продуценти на филмот. Визија на проф. Торн била да се произведе еден научно фантастичен филм со вистинска наука вткаена во структурата на приказната.
Дополнително, компанијата за визуелни ефекти „Double Negative“ развила нов софтвер кој им овозможи да ја пресметаат патеката на светлосните зраци кои патуваат низ просторот околу црната дупка.
Софтверот е развиен за да се создадат слики со исклучително висока резолуција погодна за холивудскиот филм. Како резултат на сликите, откриени се деликатни обрасци, кои порано не биле забележани.
Изгледа дека Дизни и тимот завршија одлична работа со „Интерстелар“. Посветеноста на вистинитоста на научните факти во филмот е навистина за почит. „Wormhole“ за прв беше прикажана како кристална топка која виси во просторот и во внатрешноста рефлектира слика од галаксијата.