Инвазивни видови забележани во длабоките мориња на Медитеранот

Инвазивни видови риби и риби што нормално се наоѓаат во Атлантикот и поларните региони се забележани во длабоките мориња од источниот Медитеран. Овие неочекувани посетители биле видени преку далечински управувана подморница, спуштена на длабочина до еден километар во водите во близина на Либан.

Истражувачите од агенцијата за морска конзервација „Океана“ останале вчудовидени кога при нивната неодамнешна едномесечна експедиција откриле еден вид ајкула (ајкула-фенер), која генерално се поврзува со студените води во Атлантикот. Оваа ајкула е со должина од околу 20 сантиметри и по должината на ‘рбетот и стомакот свети со светло сина светлина. Зошто се наоѓа тука, никој не знае.

Тоа е само едно од изненадувањата, вели Рикардо Агилар, истражувач од „Океана“. „Оваа  област е речиси целосно неистражена. Голем дел од она што го откривме е сосема ново“.

Истражувачите собрале преку 200 видови и имаат задача да утврдат што претставуваат тие и зошто се наоѓаат тука.

ајкула-фенер
ајкула-фенер

„Ние едноставно не знаеме зошто некои поларни видови – како што е светло-црвената морска ѕвезда „Leptasterias“ се населиле тука. Можеби затоа што подлабоките области се посиромашни со биодиверзитет, што значи и помала конкурнција за новодојдените. Можно е тие да се населиле тука одамна, на ние не сме го знаеме тоа. Немаме референтна рамка за да може да споредиме“- вели Агилар.

Поларните видови се откриени во подлабоките области од Медитеранот, веројатно затоа што водата на поголемите длабочини е поладна.

Подморницата исто така открила и голем, досега непознат, светло обоен појас од корални градини, на длабочина од 80 метри. Овие структури, слични на гребени, вообичаено се наоѓаат во западниот дел од Медитеранот и главно се формираат од црвени алги, кои создаваат нови живеалишта преку создавање основа од калциум карбонат.

Истражувачите исто така откриле присуство на инвазивни риби кои потекнуваат од Црвното Море, но,според Агилар, нивното присуство може полесно да се објасни. Можно е тие да дошле тука со товарната вода од бродовите кои го поминуваат Суецкиот канал.

Овие видови ги истиснуваат автохтоните видови, уништувајќи им ги природните живеалишта.

Наодите од оваа експедиција ќе бидат искористени за идентификација на местата кои се соодветни да бидат означени како заштитени области од страна на владата на Либан.

Извор: „New Scientist“

Поддржете ја нашата работа: