Искористена тоалетна хартија како извор на енергија?

Еден тим на научници од Универзитетот во Амстердам развил теоретски начин за претворање на отпадната тоалетна хартија во електрична енергија, преку еден релативно едноставен процес кој се одвива во два чекори.

Со користење на ваквиот модел, научниците веруваат дека е возможно да се снабдат со струја 6400 домови годишно, доколку годишно се потрошат 10.000 тони тоалетна хартија за една година.

Се чини дека не ја обработуваме искористената тоалетна хартија како што треба, бидејќи истата претставува богат и слободен извор на јаглерод. Западна Европа во своите канализациски одводи има и до 14 кг. тоалетна хартија секоја година, а САД уште повеќе.

Научниците од Амстердам поставиле прашање, дали таквата отпадна тоалетна хартија може да има вредност во вид на извор на енергија. Тоалетната хартија е всушност лист кој содржи 80% целулоза и затоа енергијата е обновлива и целосно бесплатна.

При процесот, органскиот јаглерод од тоалетната хартија се претвора во јаглерод моноксид, хидроксид и јаглерод диоксид. Потоа се користат цврсти оксидни високотемпературни горивни ќелии за да се постигне директно конвертирање на гасот во електрична енергија.

Вкупната електрична ефикасност на таквиот процес би можела да изнесува околу 57%. Трошокот на електрична енергија би изнесувал отприлика исто како и цената на електричната енергија која доаѓа од соларните панели.

“Кога зборуваме за овие резултати со компаниите, луѓето стануваат многу возбудени”, вели проф. Гади Ротенберг од Универзитетот во Амстердам.

Секако сега сето ова изгледа доста ветувачк, но шансите за постигнување успех се скромни, меѓутоа тимот од научници се надева дека нивниот модел би можел да биде користен некаде надвор од Холандија. Иако трошоците сè уште се прилично високи, истите во иднина може да се намалат.

Поддржете ја нашата работа: