Според едно истражување, истиот генетски код кој не прави да бидеме склони кон депресија, може исто така да биде предиспозиција за нашата позитивност и среќа.
Со други зборови, истражувачите сметаат дека истите гени не прават осетливи кон околинита – и во зависност од состојбите во нашето опкружување, тој код може да биде за лошо или за добро.
„Ако ги имате овие гени и се најдете во негативно опкружување, веројатно ќе развиете негативни когнитивни предрасуди, што може да води до ментални нарушувања. Доколку пак ги имате овие гени, но се наоѓате во средина во која добивате поддршка, најверојатно ќе развиете позитивни когнитивни тенденции, што ја зголемува ментална отпорност“- вели когнитивниот психолог Елен Фокс од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија.
Како што објаснуваат истржувачите во „Molecular Psychiatry“, сѐ уште не се знае многу за психолошките и биолошките механизми кои дополнително допринесуваат за зголемената чувствителност кон нашето опкружување, но можно е дека некои генетски варијации кои порано беа означени како проблематични, да се фактички позитивни (доколку опкружувањето е добро).
Тие сугерираат дека некои ментални процеси можат да ја објаснат хипотезата за диференцијална приемчивост – односно идејата дека во една група луѓе, веројатно е дека некои ќе реагираат на случувањата или на позитивен или на негативен начин, во зависност од генетската варијација.
За потребите на ова истражување, научниците обработиле десетици научни трудови кои ги обработуваат овие теми.
Следниот чекор, велат истражувачите, е да се комбинираат овие области за да се види како нашите ментални предрасуди влијаат на одредени гени и како во комбинација со секојдневните притисоци од опкружувањето ги насочуваат луѓето или кон позитивни или кон негативни чувства – и покрај тоа што основниот генетски код може да е ист.
Дел од овој труд ќе се извршува преку „CogBIAS“ проектот, поставен од страна на Универзитетот Оксфорд – еден мултидисциплинарен истражувачки проект, чија цел е да открие што е тоа што ги двои емоционално отпорните од емоционално ранливите.
Истражувачите велат дека со време би требало да може да се прилагодат или преусмерат некои предрасуди во мозокот, а со тоа да се лимитираат депресивните или анксиозните мисли што некои луѓе ги имаат.