Истражувачите конечно најдоа начин како да ги направат луѓето попаметни

Колку повеќе дознаваме за функцијата на мозокот, стануваме и сѐ подобри во изнаоѓање на начини како да ја зголемиме неговата способност.

Еден од најветувачките и моментално популарни начини (барем кај одредени заедници, претежно од биохакери) е со помош на уреди што се носат на главата кои директно испраќаат импулси до одредени региони во мозокот, со кои се зголемува менталната активност.

Стимулацијата на мозокот не е нова техника. Невронаучниците експериментираат со современи форми на мозочна стимулација најмалку 15 години. Но, денес, благодарение на можноста лесно да се купат и да се добијат упатства за мозочна стимулација преку интернет, уредите кои можат ова да го направат се подостапни од било кога порано. Што е уште поважно, сѐ повеќе истражувања потврдуваат дека мали електрични и магнетни стимулации навистина можат да направат разлика.

Што се случува кога ќе го „приклучите“ мозокот?

Денес, стимулацијата на мозокот стана толку популарна, што на 7-ми јули истражувачите објавија отворено писмо во списанието „Annals of Neurology“, во кое ги предупредуваат корисниците на овие – уреди „направи сам“ на некои од ризиците поврзани со стимулација на мозокот.

Во основа, стимулацијата претставува таргетирање на специфични региони од мозокот со помош на овие импулси, со цел некои ментални процеси да се смират, а други процеси да се активираат или да се подобрат.

SmarterZapHeader_1024

Постојат добри докази дека на овој начин може да се подобри меморијата, моделот на препознавање, да се зголеми вниманието, математичките способности и други функции.

Истражувањата исто така покажале дека со мозочна стимулација може да се подобрат атлетските способности, со тоа што прaват спортистите да се чувствуваат помалку уморни. А ова се само пoчетните сознанија за когнитивните придобивки од мозочната стимулација кај здрави луѓе.

Како што објаснуваат Батлдеј и Брем, научници од Оксфорд кои работат на истражување на техники и лекови кои може да ја зголемат моќта на мозокот, досега само мал дел од истражувањата биле фокусирани на тоа што предизвикува стимулацијата кај здрави лица и дека останува уште многу да се учи.

Од медицински аспект, истражувачите откриле дека стимулацијата може да послужи како третман за депресија, анксиозност и други нарушувања.   

Ова е голем успех, но барем засега поголемиот дел од обидите да се таргетираат специфични региони, од кои поголем дел допрва треба да се идентификуваат, не се многу прецизни.

Мозочната стимулација е „повеќе како пристап со пушка, отколку со скалпел“, изјави во 2014 година Мајкл Вајсенд од истражувачкиот центар Рајт. Ваквото индиректно или непрецизно таргетирање на регионите – иако не секогаш, може да биде многу штетно.

Како што објаснуваат истражувачите во отвореното писмо, корисниците може:

  • Да предизвикаат промени во мозочните региони до кои немале намера да допрат
  • Да добијат различна реакција на стимулацијата, во зависност од тоа што го работат во моментот. Ако читате книга, вашиот мозок прави различни работи од тие кога гледате ТВ или играте видео игри. Истите импулси можат да имаат различни ефекти, во зависност од тоа што се случува во вашиот мозок.
  • Зголемувањето на способноста на една функција може да доведе до намалување на друга.

Науката е сѐ уште на почетокот на оваа област, па затоа тие сакаат да ги предупредат корисниците да го третираат ова многу сериозно (ако не знаете што правите, ова не е безбедна работа за да се игра со неа).

Сепак, потенцијалот што досега можеше да се забележи е фасцинантен.

Не само невронаучниците ги забелжуваат придобивките од стимулацијата на мозокот. Постои иницијатива од страна на владата на САД во рамките на проектот наречен „IARPA“ (Advanced Research Projects Activity) со намера да се најде начин „да се подобри размислувањето и решавањето на проблемите кај здрави возрасни лица“, а Батлдеј и Брем велат дека од овој проект веќе пристигаат интересни податоци.

smarter_maybe_its_debatable

Но, иако многу од овие алатки кои можат да ја зголемат нашата ментална способност се интересни, тие во исто време се и загрижувачки.

Покрај многу реалното прашање за безбедноста, тие исто така не тераат да размислуваме за тоа кој би требало да има пристап до ваквите засилувачи и како ќе функционира општеството доколку овие алатки масовно се употребуваат.

Она што сега звучи како футуристичка идеја – да се направи моозкот супермоќен, е реалност, а не само научно- фантастичен концепт.

На ова работат делови од војската, академските институции го проучуваат, а заинтересираните граѓани и истражувачи вршат сопствени истражувања. Крајно време е да се размислува за важноста и потенцијалните последици од овие истражувања.

Многу луѓе можеби не го сакаат ризикот, но она што сите најмногу го посакуваат е шанса да бидат попаметни, да ги поместат границите на мозочната способност. Науката за когнитивно засилување на мозокот сигурно ќе го транформира општеството, за добро или за лошо. Клучното прашање е како.

Како што претходно овој месец пишуваше „The New York Times“, ова е наука што се одвива надвор од етаблираните институции исто колку и во самите истражувачки  институции.

Отвореното писмо овој месец се однесува на безбедноста. Но, исто така е и признание дека оние што сами експериментираат се тука и барем засега, тука и ќе останат“.

Оригиналната статија е објавена во „Tech Insider“.

Поддржете ја нашата работа: