Јапонска техника против мрзливост која трае само една минута

Во природата на човекот е да си поставува цели. Поголеми, помали, едноставни или комплицирани, а понекогаш и недостижни. Но, сакаме да се надеваме, сакаме да веруваме дека можеме да стекнеме нови навики, да постигнеме одреден напредок и да го направиме животот да ни биде како идеалната верзија која сме ја замислиле.

Но, кога конечно ќе се придвижиме и ќе вложиме напор, на виделина излегува онаа друга страна што секој од нас ја има. Стануваме мрзливи, се откажуваме, се јавува страв од промени и чувство на тежина од одговорноста која сами сме си ја натовариле на грб. Тогаш, сето тоа ќе ни се види премногу и мислиме дека е најдобро  или наједноставно – да се откажеме.

Меѓутао, Јапонците не се предаваат така лесно пред самите себе. За нивната култура е карактеристична една техника наречена „Каизен“ (Kaizen).

Техниката е базирана на  „принципот на една минута“. Суштината на оваа метода лежи во идејата дека  е доволна само една минута секојдневно, за да ги смениме нашите навики и да го облагородиме животот. Клучно е таа „револуционерна“ минута  да биде секој ден  во исто време.

Една минута да се постигнат промени можеби звучи невозможно , но затоа пак е временски доволно безначајна, што никој не би имал изговор да не  се обиде да ја примени оваа метода.

Имено, Јапонците веруваат дека небитно дали секој ден, точно во, да речеме 8 часот, една минута ќе правите склекови, ќе прочитате една страница од книга на странски јазик, или само длабоко и мирно ќе дишете. Кеизен методата ќе ја претвори вашата  нова мала рутина во активност која ќе ви претставува среќа и задоволство. Со мали чекори ќе наредувате кон самоусовршување и ќе постигнете одлични резултати.

Сепак, имајте на ум дека, кога сакате да постигнете одредена цел, важно е да го надминете чувството на недоверба кон самите себе и своите способности. Она што е најважно за да сватите дека сте се поместиле од  „мртва точка“ е самиот факт дека воопшто сте почнале. Охрабрени од ова сознание, со време ќе почнете да ја продолжувата  вашата „минута за промени“ и таа ќе стане сѐ поосмислена.

Оваа техника, која ја сочинуваат два збора „kai“(промена) и  „zen“ (мудрост), ја осмислил Масаки Имаи, теоретичар на однесување во организации и советник за менаџмент, човек кој верува дека оваа филозофија е подеднакво успешна и применлива и во деловниот и во приватниот живот.

Поддржете ја нашата работа: