Најкраток период е времето помеѓу притиснување на копчето снуз и повторно вклучување на алармот. Всушност, дали тој е најдолг или најкраток период? – Не станува збор само за граматичките разлики, туку различните јазици, различно го перцепираат времето.
Така на пример, оние кои зборуваат на шведски или англиски јазик го перцепираат времето како оддалеченост – како долг ден. Времето станува простор кој треба да се помине. Од друга страна, оние кои зборуваат на шпански и грчки го перципираат времето во облик на волумен – како полн ден. Времето станува контејнер кој треба да се исполни.
Ваквите јазични разлики постојано влијаат на нашата перцепција на текот на времето, вели неодамна објавената студија.
Од 1980та година, откога научниците почнале да забележуваат како голем дел од јазикот се базира на метафора, се истражува начинот на кој зборуваме за апстрактни нешта, на тоа како размислуваме на нив.
Emanuel Bylund, професор по лингвистика на Универзитетот Stellenbosch во соработка со своите колеги изложил групи на луѓе кои зборуваат на шпански и шведски јазик на серија психосоцијални задачи. Во првите групи од 40 шпанци и 40 швеѓани е претставена компјутерска анимација која го прикажувала едниот од двата тестови.
Учесниците тука ја набљудувале нагорната линија. “Имате една линија која расте четири инчи, и и треба три секунди да се зголеми, а потоа имате друга линија која расте, да речеме, шест инчи, и неа и треба исто три секунди да се зголеми”, објаснува Bylund.
На учесниците им е објаснето на нивниот мајчин јазик, отприлика да проценат колку време и е потребно на линијата да се зголеми. Со оглед на тоа дека визуелно се совпаѓало со начинот на зборувањето за времето на Швеѓаните, научниците очекувале дека нив тешко ќе им биде да проценат колку време поминало, и биле во право. Додека оние кои зборувале на шпански знаеле дека поминале три секунди без оглед на тоа колку брзо растеле линиите, оние кои зборувале на шведски, често мислеле дека поминало повеќе време таму каде што линијата била подолга.
Но, оние кои зборувале на Шпански ги збунил вториот тест. Наместо растечките линии, вториот тест прикажувал анимација на контејнер кој се полнел. Тоа е дизајнирано со цел да се имитира волуметричниот начин на кој Шпанците зборуваат за времето. Тие често мислеле дека дека помнало повеќе време кога контејнерот бил полн. Со други зборови, јазикот на кој зборуваат делува на нивната проценка за поминатото време.
Овој експеримент покажува дека под одредени услови јазикот на кој зборуваме, и кој размислуваме може да има поголема тежина од физичко искуство.