Пред само неколку часа НАСА потврди дека моторите на леталото „Juno“ се откачија од леталото по што неговите соларни панели се позиционираа во правец на сонцето.
Предходно леталото за зголеми својата ротацијатоа од два вртежи во минута на 5 вртежи во минута при што доби на стабилност при самиот влез во атмосверата на Јупитер. Овој ефект е сличен на вртењето на велосипедското тркало – колку побрзо се врти толку тоа е постабилно.
Основната цел на „Juno“ е да го разбере потеклото и еволуцијата на Јупитер. Под својата густа покривка од облаци, Јупитер ја чува тајната за основните процеси и услови кои владееле во нашиот сончев систем за време на нејзиното формирање.
„Juno“ ќе ни помогне да направиме голем чекор напред кон подобро разбирање на тоа како се формирале џиновските планети и каква улога имале овие гиганти во составувањето на останатиот дел од сончевиот систем.
Поточно, „Juno“ ќе ги истражува следниве работи:
- Колку вода има во атмосферата на Јупитер, што ќе помогне во одредувањето на тоа која теорија за формирање на планетата е точна (или можеби дали се потребни нови теории)
- Атмосферата на Јупитер за да ги измери составот, температурата, движењата на облаците и други својства
- Ќе ги мапира магнетните полиња и гравитацијата на Јупитер, со што ќе ја открие длабинската структура на планетата
- Ќе ја истражува магнетосферата на Јупитер во близина на половите на планетата, особено северната и јужната поларна светлина (аурора), со што ќе овозможи увид во тоа како огромното магнетно поле на планетата влијае на нејзината атмосфера
Вселенската мисија “Juno” започна на 5 август 2011 година и треба да пристигне до Јупитер на 4 јули 2016 година. Сателитот треба да орбитира околу Јупитер 20 месеци (37 орбити) и откако ќе ја заврши својата работа треба намерно да се нурне во атмосферата на Јупитер и да согори, што се очекува да се случи во февруари 2018 година.