За добро да се одржи кардиоваскуларниот систем, нема ништо подобро од качување по скали, смета Д-р. Алан Фреј, шеф на Француската асоцијација за спортска медицина.
Не е потребно да се искачите а врвот на Ајфеловата кула за да имате здравствен бенефит, но не ги избегнувајте скалите кога на пример се качувате во зграда која е со повеќекатна, бидејќи тоа е идеална вежба за сите оние кои не се бават со спорт, особено за лица кои поминуваат поголем дел од времето седејќи.
Фреј објаснува дека за време на искачување или слегување по скали, многуте активни мускули како што се мускулите на нозете, стомачните и оние на рацете се активираат. Дури и грбните мускули. Користењето на скелетните мускули, односно мускулите кои се потпора на коскеното ткиво, помага при забрзување на метаболизмот и ја поттикнува потрошувачката на калории во состојба на мирување. Качувањето по скали ги поттикнува речиси сите скелетни мускули.
Разни истражувања докажаа дека на овој начин на вежбање на телото се губат прилично многу калории. Водејќи се по некои наоди за одење по скали е потребно седум пати повеќе енергија отколку при возење со лифт, а осум до девет пати повеќе отколку при седење. Добра вест е дека калориите не се трошат само додека се качувате по скали, туку и додека слегувате по нив.
Францускиот доктор исто така истакнува дека качувањето и слегувањето по скали е одлично за одржување на здрави срцеви мускули. Притоа, треба да се води сметка за одржување на ритамот кој ни одговара.
Треба да се води сметка дека никој не треба да се форсира ниту да се следи некој кој е побрз од нас, туку да застане доколку се појави потенцијално абнормално и тешко дишење, болка во пределот на градниот кош или во зглобовите, вели Фреј. Лицата кои на пример живеат на петнаесетти кат од некоја зграда, се советуваат на користење лифт до тринаесетти кат, а потоа пеш. Одењето по скали е бесплатен тренинг за сите.
На прашањето колку изнесува идеалниот број на чекори, Д-р. Фреј вели дека нема граница и одреден број, туку е добро едно здаво лице да направи од 6000 до 10.000 чекори во текот на денот во кои се вклучени и оние направени по скали.
“Насекаде околу нас има скали и лифтови, а на вас е да ја одберете првата варијанта. Тоа навистина е подолг пат до целта, но без сомнеж е пократок пат до една подолгорочна цел, а тоа е здраво тело”, вели Д-р. Фреј.