Каде ќе ги сместиме следните милијарди луѓе?

Опасностите и болестите од пренаселеност може да се заобиколат со намерно, интелигентно урбанистичко планирање. Со фокусирање кон зачувување на средината и стратешка употреба на земјиштето и ресурсите проблемот можеби и не е нерешлив.

Некои луѓе ја нарекуваат пренаселеноста само еден „мит“, сметајќи дека не е проблем бидејќи сите луѓе на светот може да ги собере во една област со големина на Тексас.

„Секако дека може, но каде тие ќе вршат нужда? Аргументот дека светот не е пренаселен само затоа што теоретски сите може да ги собере на една област е сосема погрешен и медиумите треба да престанат да го употребуваат.

Прашањето за пренаселеност не е и никогаш не било за тоа колку луѓе планетата може физички да поднесе во однос на метри кубни и физички обем. Прашањето е колку луѓе може да поднесе биосферата во однос на одржлив живот“ – вели Мајк Адамс, уредник на „Natural News“.

На 8-ми август оваа година се одбележа Денот на еколошки долг што во суштина значи дека официјално трошиме повеќе отколку што Земјата може да надополнува во текот на една година. Според проценката, сегашната популација бара ресурси еднакви на над 1,6 Земји, а според ОН нашата популација може да се зголеми и до 8,5 милијарди до 2030–та година.

Како што населението расте, се’ повеќе земји се наменуваат за урбанизација, преземајќи ги ресурсите кои може да се користат за земјоделство и вегетација. Исто така и отпадот и загадувањето како резултат на човековата активност го забрзува разградувањето и влошувањето на ресурсите.

Ричард Форман, професор на Факултетот за дизајн на Универзитетот Харвард, како и Џанго Ву ( Jianguo Wu), професор по одржлива наука на Државниот универзитет во Аризона, повикуваат на глобален и регионален приод при урбанистичкото планирање. Тие сметаат дека постоечките заедници се изградени на погрешни места, места кои треба да се наменети за природата и земјоделството.

„Повеќето населби се изградени на добра земјоделска почва во близина на слатка вода и природна вегетација. Урбаната експанзија всушност ги зафаќа или ги загадува некогаш вредните природни ресурси со постојано зголемување на опсегот. Во меѓувреме, урбаното население во пораст е преплавено од цврст отпад, отпадна вода, топлина и загадувачи“ – велат тие за „Nature“.

overpopulation-1-638Па, каде треба да ги сместиме идните луѓе?

Иако плановите за колонизација на Марс се актуелни во последно време, тие се премногу далеку од остварување, а на нас ни треба решение овде и сега. Професорите инсистираат на тоа дека стратешки систем кој се грижи за животната средина при урбанистичкото планирање е клучот за минимизирање на влијанието од порастот на населението, и покрај тоа што заштитата на животната средина е на последно место кога станува збор за владините приоритети, тие се фокусираат на создавање на работни места, транспорт и економски раст.

Треба да се разгледа кои области имаат надобра позиција за да можат да го издржат многубројното население без притоа значително да го зголемуваат веќе големиот еколошкиот отпечаток на Земјата.

По исклучувањето на областите со тешки услови, како и областите кои се повеќе погодни за природни резервати, според професорите, следниве области се најпогодни локации за изградба на човекови заедници: Јужна Америка, јужниот дел на Канада, северниот и источниот дел на САД, југо-централна Африка, северно од Хималаите и површината од Црното Море до северниот дел на Кина, и Океанија.

„Општеството мора да размислува глобално, да планира регионално и да дејствува локално“, додаваат тие.

Поддржете ја нашата работа: