Како алкохолот не опива?

Во овие празнични денови, како и при секоја семејна и друга веселба, алкохолот е неизбежен дел од прославата, па често пати се случува да испиеме и малку повеќе.

Во најновото видео, со наслов „На кој начин алкохолот ве опива“, Американското здружение на хемичари, објаснува дека етанолот го успорува мозокот и почнува да ги контролира нашите мисли и дела, врзувајќи се со два вида на рецептори – „GABA“ и „NMDA“.

„GABA“ рецепторите го инхибираат нашето однесување, па кога етанолот ќе се врзе со овие рецептори, почнуваме да се чувствуваме смирено и опуштено. Во меѓувреме, етанолот ги блокира „NMDA“ рецепторите, што предизвикува да се чувствуваме уморно и почнува да влијае на нашата меморија. Колку повеќе пиеме, толку помалку ќе паметиме, што е причината за „дупките“ во меморијата.

Истовремено, етанолот предизвикува мозоко да почне да ги ослободува стимулансите норадреналин, адреналин и кортизол, кои не „подигаат“, така што колку повеќе пиеме и  работата на срцето сѐ повеќе се забрзува. Дишните патишта се шират, се испраќа повеќе кислород во мозокот, што ги појачува нашите сетила и не прави поосетливи на светлина и звуци. Исто така, доаѓа и до ослободување на допамин – хемикалијата која предизвикува  добро расположение.

Алкохолот и лошите одлуки

Под дејство на алкохолот доаѓа до успорување на мозокот, преку ослободување на различни хемиски супстанции кои доведуваат до „дупки“ во меморијата, или до возбуденост, што на крај придонесува да донесуваме лоши одлуки. Етанолот ги пореметува патиштата што му овозможуваат на мозокот да ја добива потребната енергија за да функционира со оптимална брзина, што влијае на процесот на размислување. Етанолот ги задржува другите хормони, меѓу кои и антидиуретичниот хормон, што  предизвикува почесто мокрење. Исто така, ги успорува деловите од мозокот кои се одговорни за мускулните движења, што е причина за неправилниот од и сопкањето.

how-does-alcohol-get-you-drunk-w

Алкохолот и телото

Откако ќе ја помине крвно/мозочната бариера, функциите кои не одржуваат во живот, како протокот на крв во телото, дишењето и температурата на телото, почнуваат да се пореметуваат. Ова претставува еден од најопасните начини на делување на алкохолот врз мозокот. Етанолот може дури и да ја поремети регулацијата на телесната температура и да предизвика да се чувствуваме дека ни е топло и на температури под нулата. На крај, стимулативните ефекти од норадреналинот, адреналинот и кортизолот, исчезнуваат.

Мамурлак

Со понатамошното пиење, ефектите врз „GABA“ и „NMDA“ рецепторите се зголемуваат, што значи дека на крај се чувствуваме уморни, расеани и успорени. Кога ќе почнеме да се трезниме, се чувствуваме прилично изморени и несвесни за случувањата, па затоа е најдобро кога се пие во умерени количини.

young-people-in-club-or-bar-drinking-beer-out-of-a-beer-bottle-and-have-fun

Да се јаде пред да се пие алкохол

Храната ја успорува апсорпцијата на етанолот во желудникот. На празен желудник, потребно е помалку од една минута за етанолот да премине во крвотокот и да стигне до мозокот.

Мрсната храна поспоро се вари, со што се успорува и апсорпцијата на алкохолот. Истото важи и за засладените пијалоци како газираните пијалоци и соковите и ова е причината зошто побрзо ги чувствуваме ефектите од етанолот кога се меша со засладени или газирани пијалоци и сокови.

Поддржете ја нашата работа: