Како би изгледал светот на човек со бионичко око?

Едно истражување од Универзитетот во Вашингтон се обидува да одговори на прашањето како би изгледал светот на човек со бионичко око и нуди визуелни симулации на она што би го гледал некој со обновен вид, бидејќи сепак се работи за инвазивни и скапи процедури.

Губењето на видот се јавува откако светлината ќе навлезе во окото и ќе дојде до ретината – тенок слој на задниот дел на окото кој содржи милиони нервни клетки. Меѓу нив се и стапчестите и конусовидните клетки кои ја претвораат светлината во електрични импулси кои се пренесуваат до центарот за вид во мозокот. Губењето на овие клетки е главната причина за губењето на видот при болести како макуларна дегенерација или ретинитис пигментоза. Но, останатите неврони во ретината се релативно неоштетени и новите технологии се обидуваат да го повратат видот токму преку таргетирање на преживеаните клетки.

Истражувачите направиле кратки видеа за тоа каков би бил видот по две различни видови на терапија за обновување на видот.

Две од најветувачките на пазарот во моментов се електричните протези кои ги стимулираат преживеаните клетки со низа на електроди поставени на ретината и оптогенетиката при која се внесуваат протеини во преживеаните клетки во ретината за да станат чувствителни на светлина. Но, и двете имаат недостатоци бидејќи стимулирањето на преживеаните клетки во ретината нема да произведе нормален вид. Тоа значи дека пациентите може да гледаат заматено, да гледаат нејасни форми или пак да привремено да не гледаат ако објектот се движи многу брзо.
Истражувањето е објавено во „Philosophical Transactions B“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt