Како би се спасил светот од смртоносен удар на астероид?

Пред шеесет и пет милиони години се случила една катастрофа на Земјата. Астероид или комета која имала околу 10км. во дијаметар удрила во она што е сега полуостровот Јукатан во Мексико. Иако идејата најпрво била исмејувана, овој настан сега се смета дека бил причинител за изумрувањето на диносаурусите.

Ова сознание ги обединило научниците и инженерите од целиот свет да ги откриваат и следат астероидите, и доколку е потребно, да спречат можен удар. Денеска постои Канцеларија за координација на планетарната одбрана под раководство на НАСА, чија што единствена мисија е да не подготви за оваа малку веројатна, но катастрофална можност.

Се смета дека досега се пронајдени сите астероиди со големина како на оној кои ги убил диносаурусите (барем оние кои се во близина на Земјата). Но сепак, постојат и многу други неоткриени помали астероиди кои можат да направат голема штета, како што бил случајот во 1908–та година со Тунгуската експлозија при што биле уништени околу 2.000 км2 шума во Сиберија.

Овој астероид бил само 50м. широк, а ние досега имаме пронајдено само 1 процент од овие објекти во близина на Земјата („NEOs“). И покрај тоа што се многу ретки, доколку голем астероид ја погоди Земјата, ќе предизвика неверојатна штета. Всушност, има многу поголема веројатност да бидеме убиени од астероид отколку да не нападне ајкула.

Знаеме за голем број на неодамнешни удари од астероиди, но сепак отриваме уште во геолошката евиденција. Во моментов се проценува дека „NEOs“ што може да предизвикаат глобални еколошки ефекти се јавуваат еднаш на 500.000 години.

И покрај тоа што можеме да ги откриеме и следиме големите астероиди, сепак знаеме многу малку за нивната внатрешност. Голем дел од она што го знаеме е од метеоритите што паднале на Земјата, но сепак, многу е тешко од малите примероци да се открие како всушност изгледа астероидот како целина.

Постојат неколку видови на астероиди врз основа на нивниот минерален состав, но исто така, и нивната внатрешност може да има неколку форми. Некои би можеле да бидат куп од урнатини, споени со помош на гравитација и електростатски сили, додека други може да се цврсти тела од карпа. Различни структурни видови бараат различни методи на одбивање.

На пример, еден куп на урнатини може да се скрши на помали делови, доколку се удри со некој предмет, со тоа што секој мал дел се’ уште би претставувал закана. Употребата на експлозивни направи да за се помести еден астероид се верува дека е 100 пати помалку ефективна за порозните астероиди во споредба со поцврстите тела.

Диносаурусите биле истребени бидејќи немале вселенска програма. За среќа, ние сме поподготвени (иако Австралија се’ уште е една од двете земји од „OECD“ без вселенска програма, додека втората е Исланд).

Доколку откриеме астероид со предупредување од неколку години, може да се испрати мисија за да открие од што е направен, па потоа да се планира оптимална стратегија, заедно се резервен план.

n4b538jx-1472794468

Во 1995-тата година, се одржа работилница со дизајнерите на американското и руското оружје од Студената војна, за да предложат начин за одбивање на астероид доколку е забележан во последен момент. Тие измислиле нуклеано оружје (иако никогаш не било изградено) способно моментално да уништи астероид од 1км. Исто така, имало потенцијал да помести голем астероид од својот пат доколку бил откриен неколку месеци однапред, или комета откриена 2 години однапред. За кое било друго помало време, би морале да се задоволиме со евакуација на колку што е можно повеќе луѓе од предвиденото место на слетување.

Ударот од астероиди не е единственото нешто што може да го искорени човештвото. Нуклеарната војна, биолошкиот тероризам и вештачката интелегенција исто така имаат потенцијал да не уништат. Некои истражувачи дури сугерираат дека веројатноста за преживување на човештвото до 2100-тата година е 1 од 2.

Со оглед на нивото на ризик, едно е сигурно: ние можеме и треба да трошиме повеќе време и ресурси во обид да ги намалиме овие ризици.

Поддржете ја нашата работа: