Како Бразил ги чува шумите, а притоа произведува повеќе соја?

Foto: Jonas Oliveira / arquivo / SECS

Во четири земји со брзорастечки економии – Бразил, Русија, Индија и Кина – земјоделскиот сектор стана добар пример за воведување на иновативни технологии.

Jirgin Vogle, земјоделски експерт од Светската банка, предвидува дека “со трансформирање на земјоделството не само што ќе можеме да одговориме на предизвикот за исхрана на девет милијарди жители на планетата до 2050 година, туку и ќе го направиме тоа на начин кој истовремено ќе донесе просперитет и ќе го намали загадувањето на животната средина”.

Зачувувањето на амазонските прашуми е приоритет на Бразил. Брзото ширење на полињата со соја и сточните фарми, во текот на деведесеттите и почетокот на двеилјадитите довело до алармантна сеча на шумите.

Сепак, во текот на последната деценија, активистите и фармерите со поддршка на бразилската влада заштитиле околу 86 000 км², што претставува област еднаква на површина нешто поголема од 12 милиони фудбалски игралишта.

Меѓутоа, дури и покрај овие мерки за ограничување на ширењето на обработливо земјиште, бразилското производство на соја е во пораст. Оваа земја моментално е втора во светот по производство на соја.

Како е сето ова постигнато?

Земјоделците се фокусирани на ефикасноста. Користењето на современа механизација и раното созревање на семето им овозможува покрај стандардниот период на вегетација да дојдат до додатна сеидба.

Според Министерството за земјоделие на САД, бразилскиот род на соја во последниве сезони достигнува рекорден прилив од 104,2 милиони тони, што е за 8,6 милиони тони повеќе во однос на минатите години, бидејќи земјоделците подобро ги искористуваат своите полиња.

Jirgin Vogle од Светската банка вели дека ова е пример за тоа како “зголемувањето на производството на храна може да се донесе во склад со животната средина”.

Поддржете ја нашата работа: