Секој ден, како часовник, ние се будиме наутро понекогаш и без да заѕвони нашиот аларм. Нашето чувство за време му овозможува на нашето тело да ни каже кога сме гладни, кога ни се спие, но, како ние всушност „го чувствуваме“ времето?
Во видеото подолу „Како вашето тело знае колку е часот?“, домаќинот Марко А.Сотомајор објаснува дека оваа способност се должи на меѓусебно поврзаниот систем на „бројачи на времето“ во мозокот. Ова е еквивалентно на штоперица која ни кажува колку секунди поминале, на часовник кој ги пребројува саатите, и календар кој не известува за годишните времиња. Секој бројач на времето се наоѓа во различен регион на мозокот, со најпримитивниот часовник познат како „SCN“ кој се наоѓа во хипоталамусот.
Научниците се потпирале на истражувања од муви и глувци за да претпостават како овој систем функционира кај луѓето. Тие сметаат дека протеините познати како „CLK“ се акумулираат во „SCN“ во текот на денот. Во прилог на гените кои ни кажуваат да останеме будни, тие произведуваат уште еден протеин наречен „PER“. Кога ќе се акумулира доволно „PER“ го деактивира генот кој го произведува „CLK“, со што на крај ние повторно заспиваме. Потоа нивото на„CLK“ опаѓа, со што концентрацијата на „PER“ исто така се намалува, овозможувајќи на „CLK“ да се зголемува, почнувајќи го циклусот од почеток. Постојат и други протеини кои се вклучени, но нашиот циклус на ден и ноќ го водат овие променливи ефекти помеѓу „CLK“ и „PER“.
Нашите „SCN“ исто така се потпираат на надворешните знаци како што е светлината, храната, бучавата и температурата за поголема прецизност. Тие се познати како „zeitgebers“ што на германски значи „даватели на време“.
Природната утринска светлина патува преку оптичкиот нерв до „SCN“, комуницирајќи за тоа што се случува во надворешниот свет. Хипоталамусот тогаш го прекинува производството на мелатонин, хормон кој предизвикува спиење. Во исто време, го зголемува производството на вазопресин и норадреналин низ мозокот, што помага во контролирањето на нашите циклуси на спиење.
Околу 10 часот наутро, зголемената температура на телото ја зголемува нашата енергија и будност, а подоцна во попладневите часови, исто така, ја подобрува нашата мускулна активност и координација. Ова е причината поради која светлите екрани од телевизорот навечер може да ги збунат овие сигнали, и затоа спиењето да ни биде потешко.
Понекогаш треба да бидеме дури и попрецизни во кажувањето на времето, што е кога внатрешната штоперица на мозокот се уклучува. Невроните во кортексот или во другите области од мозокот може да комуницираат во закажани, предвидливи јамки што кортексот ги користи за да процени со сигурност колку време поминало. Ова ја создава нашата перцепција за време.
Францускиот спелеолог Мишел Сифре поминал неколку месеци во осамена, темна пештера без светлина или часовник за да види дали може да го задржи нормалниот циклус на спиење и будење. Тој бил во согласност со деноноќниот часовник, исто така познат како часовник на телото. Сепак, неговата лична перцепција за времето била деформирана, и покрај сите напори на неговиот мозок за да го задржи на вистинскиот пат.
Ова ни го наметнува прашањето, ако времето не е објективно, може ли секој од нас да го доживува времето различно?
Само времето ќе покаже.