Како да ги натерате децата да јадат зеленчук?



Истражувањето е спроведено во седум основни училишта. Три од училиштата го замениле времето за ручек и одмор, така што ручекот го поместиле после одморот. Останатите четири училишта го задржале истиот распоред. Четири дена во пролет и девет дена во есен, истражувачите мереле колку овошје и зеленчук изеле децата за време на ручекот.

Резултатите покажале дека децата во училиштата што го поместиле одморот пред ручекот, изеле 54% повеќе овошје и зеленчук отколку пред тоа. Уште повеќе, за 45% бил зголемен бројот на деца кои изеле барем едно парче овошје и зеленчук. Но во училиштата каде што останал истиот распоред, децата јаделе помалку овошје и зеленчук , во текот на целата година.

„И во претходни истражувања се правени обиди да се охрабрат децата да се хранат поздраво, со тоа што на располагање им биле ставени повеќе видови на овошје и зеленчук, или пак на друг начин да ги поттикнат децата да го изедат овошјето и зеленчукот. Иако и двата начина биле релативно успешни, тие можат да бидат скапи“, велат истражувачите. „Само со смена на распоредот може да се постигне голем успех“. Покрај тоа, истражувањето покажало дека после ручекот имало многу помалку отпад, што значи дека децата имале подобар апетит после одморот.

„Овие наоди би требало да им помогнат и на родителите да ги научат децата да јадат поздраво. Родителите што редовно седнуваат да јадат заедно со своите деца во определено време, можат полесно да ги научат децата да се хранат добро. Сепак, родителите што им дозволуваат на децата да се „истрчаат“ штом ќе завршат со ручекот, помалку е веројатно дека ќе успеат да развијат здрави навики на исхрана кај своите деца“, велат истражувачите.

Во иднина истражувачите се надеваат дека ќе најдат начин како да ги искористат дигиталните медиуми да го промовираат и поттикнат здравиот начин на исхрана во училиштата. Но засега и само промената на времето за ручек може да биде од корист.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt