Како да предвидиме цунами ?

Оваа катастрофа ја зголеми свеста на луѓето за цунамито и ги поттикна да инвестираат во истражувања и системи за предупредување. Во 2004-та година, брановите пристигнаа до крајбрежјето на Индонезија по само 9 минути од силниот земјотрес. Денес, експертите можат да предвидат како цунамито ќе ги поплави далечните крајбрежја со часови пред брановите да пристигнат. Податоците се собираат од сеизмометри, GPS станици, мерачи на плимата и пловки, и преку сателит се пренесуваат до центрите за алармирање. Потоа, комјутерските модели ги конвертираат податоците во детални симулации на цунами, засновани на повеќе од 2 000 реални примероци.

Системот за предупредување од цунами во Индискиот Океан вклучува повеќе од 140 сеизмометри, околу 100 мерачи на морското ниво и неколку пловци кои детектираат дали земјотресите предизвикале цунами. Регионални центри за алармирање се изградени во Австралија, Индија и Индонезија кои ги анализираат податоците еден час по земјотресот и ги предупредуваат владите да преземат мерки и да ги предупредат граѓаните.

Меѓутоа, ниедно предупредување нема да им ги спаси животите на оние на кои им е потребно итна евакуација од плажите, велат експертите. Понекогаш не ни можат да се предупредат луѓето во оддалечените крајбрежни области, што претставува најголем проблем на овие нови системи. Или пак, регионалните центри, како и луѓето во оддалечените крајбрежни области, едноставно сметаат дека земјотресот не е доволно силен за да предизвика цунами, и секако, грешат.

Цунамито предизвикано од земјотрес се’ уште останува голем предизвик за научниците. Целта, во моментов, им е да го намалат тој еден час за анализирање на податоците на само пет минути, што подразбира изградба на сеизмичка мрежа, добивање на побрз одговор од мерачите на морското ниво и забрзување на компјутерското предвидување. „Кога овие три компоненти ќе се усогласат, би можеле да ги спасиме сите“, заклучуваат научниците.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt