Текстот е превод на оригиналот и е во прво лице.
„Пред некоја вечер, додека вечерав со пријателка, споменав дека давав говор оваа недела поврзан со идејата дека ние треба да произведуваме храна во поголем обем, за да можат да се нахранат девет милијарди луѓе – предвидената светска популација до 2050 година.
Ме погледна, ужасната, и рече: „Но, како планирате да произведете толку многу храна?”
Јас сугерирав таа да се обиде со оваа вежба: „Ставете се себе си во најсиромашното место што може да го замислите. Замислете се себе си во Демократска Република Конго, на пример. Дали сте гладни? Дали имате проблем да најдете храна?”
Одговорот, очигледно, е „не”. Затоа што таа – и речиси сите од вас кои го читаат ова би престојувал во таа земја со паричник со пари, или барем кредитни картички. Едноставно, ќе одите и ќе си купите нешто за јадење.
Разликата помеѓу вас и гладните не е нивото на производство; тоа се парите. Нема гладни луѓе со пари, таму не постои недостаток на храна, ниту пак проблем со дистрибуција.
Сиромаштијата и гладот не се прашања на лоша среќа, тие често се резултат на луѓе кои го купуваат имотот на земјоделците и ги дислоцираат, присвојувајќи ја нивната вода, енергетски и минерални суровини, па дури и за производство за извоз, притоа оставајќи ги луѓето гладни на нивната сопствена земја.
Сиромаштијата не е единствениот проблем, се разбира. Исто така постои и нерегулиран систем на храна насочен кон правење пари наместо кон хранење луѓе (пример, етанол или високо фруктозен сируп).
Ако сиромаштијата создава глад, системот создаде уште една форма на гладување: дебелината (или што се нарекува „скриена глад”, недостаток на микронутриенти). Ако се дефинира гладот како неухранетост, притоа се согласиме дека и прекумерната тежина и дебелината се форми на неухранетост, тогаш речиси половина од светот е неухранет.
Решение за неухранетоста не е да се произведува повеќе храна. Решението е да се елиминира сиромаштијата.
Погледнете ја земјоделски најразвиената земја во светот, САД. Дали постои глад тука? Да, многу. Имаме највисок процент на гладни луѓе од секоја друга развиена земја, по стапка поблиска до онаа на Индонезија од онаа на Велика Британија.
Дали постои недостаток на храна? Најверојатно се смеете на ова прашање.
Поголемиот дел од светот се храни од стотици милиони независни земјоделци, а меѓу нив има и гладни. Остатокот од гладните се премалку платени или невработени работници. Но зголемување на приносите нема никако да им помогне.
Ние не треба да се прашуваме „Како ќе го нахраниме светот“, туку „Како можеме да ја намалиме сиромаштијата“?. Да се тврди дека зголемувањето на приносот ќе ги нахрани сиромашните е како да кажеш дека со производство на повеќе автомобили или компјутери, сите ќе имаат по еден.
И како да се помогне на оние кои имаат вишок храна, а сепак се неухранети? Мораме да го зачуваме глобалното здравје и да признаеме дека индустрискиот модел на производство на храна не е ниту неизбежен, ниту пожелен.
Зборувам за вид на земјоделство кое можеме да го научиме од луѓето кои се’ уште имаат вистински врски со земјата и се фокусирани на квалитетот, отколку на квантитетот.
Најдобриот метод на земјоделството за повеќето луѓе е веројатно традиционалното земјоделство појачано со науката. Целта треба да биде храна која е еколошка, здрава и прифатлива, во смисла со разумни цени.
Не е вест дека на сиромашните им се потребни пари и правда. Ако има светла страна тука, тоа е дека може да биде полесно да се направат промени потребни за да се поправат проблемите создадени од индустриското земјоделство отколку оние создадени од нееднаквоста.
Има многу храна. Премногу храна се користи да се нахранат животните, премногу храна се претвора во гориво и премногу храна едноставно се фрла.
Ние не треба да го зголемиме приносот за решавање на кој било од овие прашања, туку паметно да ја огледуваме храната имајќи ја на ум позицијата на сиромашните“.