Пред извесно време норвешкиот физичар Андреас Вал покажа дека ако бидете застрелани во вода, не е ни одблиску така опасно како на отворен простор.
Сега, двајца други „YouTube“ научници-ентузијасти, Марк Робер и „BackyardScientist“ Кевин прават еден друг експеримент за тоа дали и како можете да се спасите ако се најдете во близина на експлозија од рачна бомба.
Тие поставуваат хипотетичка состојба: се работи за ситуација кога две рачни бомби се активирани – едната е фрлена на земја, а другата во базен. Вие мора моментално да решите како ќе постапите во обид да ја преживеете експлозијата и тоа дали ќе влезете во базенот со надеж дека водата ќе ја ублажи експлозијата или ќе решите да останете на земјата.
За целите на експериментот двајцата се оддалечуваат околу 4,5 метри од бомбата, бидејќи толку отприлика може да стигнете пред да експлодира бомбата откако ќе се се извади осигурачот.
И Марк и Кевин имаат различни хипотези за тоа зошто сметаат дека водата или копното е посигурна опција и во видеото вршат нивно тестирање.
Штом осигурачот на бомбата ќе се откачи, почнуваат серија реакции кои доведуват до експлозија. Телото на бомбата е поделено на испакнати сегменти. Како што објаснува Марк во видеото, споевите на тие сегменти се најслаби и први се раскинуваат при детонацијата, „А бидејќи има 40 такви испакнатини, бомбата практично е експлозија што пука 40 куршуми во сите правци“.
Независно дали сте на земја или во вода, најдобри шанси да се спасите од сето ова имате ако се оддалечите што е можно подалеку од бомбата и да легнете, со стопалата свртени кон бомбата.
Зачудувачки, ако е оддалечен 4,5 метри од бомбата, Марк ги оценува своите шанси да биде погоден од куршумите од бомбата на помалку од 1 процент.
Такви се шансите ако сте на земја, но што ќе се случи ако сте во вода?
Според она што го прикажува Андреас Вел во своето видео, истите физички закони би требало да го спасат Кевин да добие тешки повреди и од хипотетичката бомба.
Како што се објаснува во видеото, притисокот на водата на проектилите од бомбата би бил толку голем што тие практично би се распаднале пред воопшто да стигнат до Кевин.
Но, ова не е целата приказна, бидејќи иако проектилите од бомбата не би го допреле Кевин, тој сепак со сигурност би бил мртов, ако го избере базенот како опција. Зошто? Тоа ќе ви го објаснат момците во видеото, но се чини дека оние шанси од 1 процент се единствен начин за спас.