Како да се справите со мозолчињата?

Пред да одговориме на прашањето дали треба или не треба да се стискаат мозолчињата, важно е да разбереме како се формираат.

Како што се објаснува во видеото на „Business Insider“, целиот процес почнува во фоликулите на влакната под кожата, каде што се наоѓаат лојните жлезди. На лицето и скалпот има повеќе лојни жлезди од сите други места на телото, поради што токму на овие места се појавуваат најмногу мозолчиња.

Функцијата на лојните жлезди е да лачат здрави масла на нашата кожа и коса за да ги одржуваат подмачкани. Но, со оглед на тоа што клетките на кожата и косата природно умираат, или пак бактерии ја опкружуваат областа, тие може да ги блокираат порите низ кои патуваат маслата па така сето тоа се проширува под кожата како мал воден балон кој боли и прави вашата кожа да изгледа подуено, црвено или инфицирано. Ако го стиснете мозолчето, некои од овие симптоми ќе исчезнат, но не за долго. Покрај тоа, стискањето на вашата веќе чувствителна кожа може да остави трајна лузна на лицето.

Па, што да правите?

Ако ви се појават мозолчиња, експертите советуваат едноставно да ги оставите самите да си поминат, а тоа ќе се случи во рок од една недела. Можеби ви изгледа како многу долго време, но барем нема да ги влошите работите и да ги инфицирате.

Најдобриот совет кој можеме да ви го дадеме за да ја спречите појавата на мозолчињата е да се храните правилно и да користите соодветни производи за нега на кожата.

Па, каде е науката кога најмногу ни треба и зошто се’ уште нема лек или барем превентивен третман на најчестата кожна болест во светот? Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа: