Како да станете богати, според новото психолошко истражување

Еве едно навидум едноставно прашање за вас: како човекот станува богат?

Иако одговорот може да биде комплициран ако се разгледува прашањето детално, основните контури се прилично едноставни на прв поглед – имате за цел да направите пари, претпазливо да заштедите за на крај мудро да инвестирате. Накратко, вие се фокусирате на збогатување и сигурно финансиско планирање.

Се чини едноставно, но според новите психолошки истражувања работите и не се баш така едноставни. Иако никој не би ве спречил да се стремите кон креирање и зачувување на богатство, се чини дека најдобар начин да се збогатите, всушност не е фокусот на тоа како да се стане богат.

Значи, на што тогаш треба да се фокусирате?

Повеќе цели водат кон повеќе пари

Според една нова студија, истакната на BPS Research Digest, кога станува збор за градење на дебело банкарско салдо, чувството за цел е многу поважно од гладот за финансиски успех.

Оваа голема студија проследила примероци на повеќе од 7.000 Американци за девет години. Истражувачите го мереле чувството за цел кај учесниците на почетокот на истражувањето при што тие биле испрашувани колку силно се соласуваат со изјавите од типот: “Некои луѓе талкаат бесцелно во животот, но јас не сум еден од нив.” Исто така била следена нето вредноста на приходите на учесниците во текот на времето. По речиси една деценија, какви разлики се појавиле помеѓу оние со поголемо и оние со помало чувство за цел?

Можеби претпоставувате дека целта носи среќа (и поранешните истражувања покажуваат дека сте во право), но оваа нова студија покажува дека целта, исто така, носи богатство.

“Истражувачите велат дека оние поединци кои пријавиле поголемо чувство за цел на почетокот на студијата, имаат акумулирано повеќе богатство во текот на овој временски период, и тие доживеале поголемо зголемување на нивните приходи,” известува BPS.

“Статистички гледано од почетокот на оваа студија до навршување на деветте години, кај овие луѓе богатството акумулира дополнителни 20.000 евра.” наведено е во студијата.

Врската помеѓу чувството за цел во животот и поголема акумулација на богатство била особено силна кај младите учесници, што покажува дека имањето конкретни животни цели е особено влијателно чувство на почетокот на кариерата кај едно лице.

Која цел е најдобра за да збогатување?

Можеби ќе треба да си ги одговорите следните прашања: која цел е поврзана со највисокото богатство? Дали само оние луѓе чија цел била правење пари, завршиле побогати по завршувањето на оваа студија, или оние што имале за цел да го направат светот подобро место за креирање среќен семеен живот? Дали и тие имале исти финансиски награди по завршувањето на дадениот период?

Истражувачите не побарале од учесниците да ја кажат содржината на нивното чувство за цел, затоа не се во можност да дадат заклучок за прашањето која е најдобрата цел за збогатување.

Додека истражувањето неможе да најде дефинитивен одговор на ова прашање, од ваше искуство, дали богатството доаѓа со фокусирање на парите или со фокусирање на целта?

 

Поддржете ја нашата работа: