Како до подобра хигиена на рацете во здравството

Бројот на пациенти хоспитализирани со примарна дијагноза на C. difficile во САД  е зголемен повеќе од три пати во текот на 2000-2009. Клучните фактори на ризик од заразување на C. difficile се : периодот пред земање на антибиотска терапија, возраст, сериозноста на болеста, должина на престој во болница и состојбата на болничките соби. Сепак, многу  од здравствените работници може да  ја пренесе  оваа високо заразна бактерија на пациентите, дури и по рутинското миење на рацете.

Акцентот  во водичот е ставен на најдобрите практики за спроведување и оптимизирање на хигиената на рацете, за да се спречи ширењето на здравствено-поврзани инфекции (HAIs).

“За повеќе од 150 години, познато е дека постои врска помеѓу подобрување хигиената на рацете и намалување на HAIs”, истакнува др. Џенет Хас, ко-автор на водичот.Сепак, придржувањето до препорачаните практики останува на ниско ниво. Недоволната хигиена потикнува загриженост и претставува закана за безбедноста на пациентите.

Дел од препораките за подобрување на хигиената на рацете

Подобрување на пристапноста и прифатливоста на производите: сапун и детергентите на база на алкохол(ABHR) треба да бидат лесно достапни за рутинска хигиена. Консултирајте го персоналот за чувствителноста на овие производи.

хигиената на рацете на критични моменти:  медицинскиот персонал мора да измие раце со ABHR или сапун и вода:

Пред директен контакт на пациентот;

Пред подготвување или ракување со лекови во пресрет на грижата за пациентот;

Пред да се префли од контаминирани делови на телото, на останатите, на ист пациент;

Пред и после вметнување и ракување со инвазивни уреди;

По контакт со крв или телесни течности, по директен контакт со пациентот, или контакт со животната средина на пациентот.

Хигиената на рацете треба да се изврши со сапун и вода, наместо со  ABHR, кога рацете се видливо извалкани.

Да се избегнуваат сапуни кои содржат триклосан. Триклосанот уништува потесен спектар на организми во споредба со ABHR и сапун, кој може да доведе до контаминација и отпор.

Ракавици ги штитат рацете од контаминација со микроорганизми и се од суштинско значење кога се очекува контакт со крв или телесни течности, и во случаи кога хигиената на рацете може да биде клучна за да се спречи преносот преку раце (на пример, за време на Clostridium difficile или Норовирус епидемии).

Мерење на напредокот: увидот на степенот на  хигиената на рацете е од клучно значење за подобрување на пракса, вклучувајќи мониторинг и напредни технологии.

Во прилог, направена е студија од страна на универзитетот во Ајова, на примерок од 47.000 здравствени работници во текот на 24 часа. Се истакнуваат социјалните ефекти за хигиената на рацете во здравството. Имено, проценетата стапка на хигиената на раце била 7 проценти повисока (28 проценти наспроти 21 проценти), кога здравствените работници биле во близина колегите, отколку кога се сами.

Мерки за потикнување на медицинскиот персонал :Развивање на мултидисциплинарен тим кој вклучува претставници од административните и раководните тела со цел создавање на програма за хигиена на рацете, во согласност со потребите на институцијата. Да се обезбедат значајни повратни информации за хигиената на рацете со јасни цели и акциски план за подобрување.


Поддржете ја нашата работа: