Како до подобра комуникација помеѓу јавноста и науката?

Сепак доказите не се секогаш целосни. Всушност, нaучниците и продолжуваат да истражуваат, бидејќи знаат –декa не знаат сѐ.

Зошто е важна силата на доказите­­?

Постојат две основни причини. Доколку луѓето го преценат знаењето на научниците, тие можат да се охрабрат да ризикуваат, несвесно потпирајќи се на несигурни стратегии, а во исто време да не обрнуваат многу внимание на знаците кои покажуваат дека работите не се одвиваат како треба. Како пациентите кои полагаат големи надежи во некоја нова медицинска процедура или земјоделците кога очекуваат премногу од некое ново семе.

Од друга страна пак, доколку луѓето го потценуваат знаењето на научниците, ризикуваат да бидат колебливи, губејќи на тој начин и време и ресурси во потрага по подобри докази за кои се надеваат дека науката може да ги обезбеди – како луѓето кои бараат апсолутен доказ за климатските промени или безбедноста на вакцините.

Меѓутоа научниците многу често се „мачат“ како да го пренесат своето знаење (како да покажат колку знаат) без да изнесуваат неосновани тврдења од една страна, или да направат науката да изгледа како нагаѓање, од друга страна.

За да се постигне тој баланс, потребно е најпрво да се препознаат сомнежите што и се важни на јавноста, а потоа тие да се пренесат на веродостоен и разбирлив начин.

Причини за научната несигурност

Причините за несигурноста кај научниците им се познати на сите. Научниците може недоволно да проучувале одредена тема, што создава празнини во нивното знаење. Нивното знаење може да биде и поткопано од промените во светот –  на пример , како климатските промени можат да влијаат на локалните врнежи. Мерењата би можеле да бидат помалку прецизни отколку што тие би сакале, поради ограничувањата на нивните инструменти или средствата за нивна примена. Нивните теории можеби нема (сѐ уште) да бидат доволно добри.


„Научниците, како и сите останати, имаат тенденција да преценат колку добро тие  се разбрани од другите и колку добро тие ги разбираат другите“.                                                                                           

                                                                                                                                                           

Барух  Фишхоф


Донекаде, на луѓето им е познато дека науката е некомплетна во некои случаи. Предизвикот е да се објасни како овие општи проблеми се појавуваат во специфична сфера. За финансиска одлука, тоа може да се однесува на тоа колку се знае за црниот пазар и како тој влијае на одредена индустрија. За медицинска одлука – да се нагласи колку добро е тестиран одреден лек и со каква сигурност пациентот може да очекува дека ќе ги добие истите резултати како од тестот. Научниците обично можат да им ги објаснат тие неизвесности на луѓето, без техничките образлиженија ако имаат време да комуницираат со нив. Тоа можат да го направат кога држат предавања или кога дискутираат за својата работа со пријателите и роднините.

Комуникацијата е тешка, особено ако оние на кои им се обраќа научникот се непознати и далечни, што им ја отежнува можноста на научниците да видат колку добро го прават тоа. Тука може да помагне научниот пристап кон комуникацијата.

Тајната е во слушањето

Научниците, како и сите останати, имаат тенденција да преценат колку добро тие се разбрани и колку добро тие ги разбираат другите. Затоа за ефективната комуникација е потребно создавање на респектибилна двонасочна комуникација, со цел да се избегнат недоразбирањата.

Тоа може да вклучува дискусии еден–на–еден, советодавни комитети или истражувања со бихевиоралини научници кои преку анкети и интервјуа ќе го слушнат мислењето на другите. Оние кои не се научници треба да имаат чувство дека тие не и служат на науката, туку дека целта е науката да е во нивна служба.

Првиот чекор во процесот на комуникацијата е да им се дозволи на луѓето да зборуваат за одлуките со кои се соочуваат, додека научниците да го парафразираат она што го велат луѓето доволно добро за да можат да кажат: „Да, вие не разбирате“.

Вториот чекор е науката да ги идентификува неколкуте факти од мноштвото факти, што им се важни на оние што не се научници и би било добро да ги знаат. Губење на време и доверба ќе биде ако на луѓето им се кажуваат факти кои тие веќе ги знаат или пак нивните барања за помош да се третираат како прилика за „предавање“ при што на луѓето ќе им се зборува за основите на науката.

Третиот чекор е да се консултира стручна литература од истражувањата за тоа на кој начин да се презентираат фактите кои им се потребни на луѓето. Наодите покажуваат дека,  на пример, подобро е да се користат бројки наместо зборови за да се изрази некоја веројатност (на пр. „има 30 проценти шанси за дожд“, а не „можеби ќе врне“). Исто така, утврдено е дека ако малите ризици може да се зголемат со текот на времето, некој треба тоа да го „пресмета“ за луѓето (на пр. очекуваното ширење на инвазивните видови). Исто така, се смета дека луѓето треба да бидат потсетени на можните трошоци ако долго чекаат подобри докази – на пример, ако се одложува некоја акција заради климатските промени, бидејќи временските прогнози се сѐ уште несигурни.

Четвртиот чекор е да се изготват пораки со работни верзии, а потоа да се замолат луѓето да го кажат гласно своето мислење, ставајќи им јасно до знаење дека се тестира пораката, а не оној што ја чита. Проблемите што неизбежно ќе се појават со работните верзии, треба да се ревидираат и повторно да се тестираат додека луѓето ги разберат доволно за да направат цврст, иако сѐ уште несигурен избор.

Научниците не можат да ја исполнат својата обврска да информираат без двонасочната конверзација што е потребна за да се разбере потребата на јавноста за информации, и колку се тие успешни во информирањето. Тој дијалог ќе им овозможи на научниците да не ја изгубат вербата во јавноста, бидејќи нивните пораки не можат да допрат до јавноста, а јавноста да не ја изгуби вербата во научниците, бидејќи пораките не ги исполниле нивните очекувања.

Барух Фишхоф е професор на одделенијата за Инжинерство и Јавна политика и на Општествени науки на Универзитетот Карнеги Мелон во САД.

Поддржете ја нашата работа: