Џозеф Нунс, професор по маркетинг во училиштето за бизнис „Маршал“ на Универзитетот во Јужна Калифорнија, заедно со соработниците, анализирале повеќе од 1000 песни за да се утврди комбинацијата на инструменти и вокали кај најпопуларните песни во последниве 55 години.
Истражувачите ги анализирале сите 1029 бр.1 песни од рубриката „Хот 100“ во весникот „Билборд“ помеѓу 1958 и 2012 година, како и 1450 песни кои никогаш не се искачиле над бр 90. Тие откриле две комбинации на основните инструменти и вокали најчесто присутни во број 1 хит песните, на пример „Kiss“ на Принц и „Papi“ на Џеј Зи.
1.пратечки вокали, синтисајзер и чиста гитара
2.пратечки вокали, синтисајзер и дисторзирана електрична гитара
Дури и кога би се додале други инструменти, резултатот би бил речиси ист. Единствена заедничка нишка е тоа што сите бр.1 хитови имале пратечки вокали, а оние на дното на листата немале ниту еден.
Исто така, бројот на инструменти може да влијае на веројатноста за успех. Просечен број на инструменти во една песна е од 3-5. Меѓутоа, секогаш постојат исклучоци и причини за популарноста на една песна, кои се разликуваат од изборот или бројот на инструментите. Анализата го објаснува успехот на одреден број на хитови, но не на сите. Сепак, треба да имаме на ум дека музиката е уметност, а не наука.