Истражувањето, објавено во „Current Biology“, покажува дека научниците направиле успешна манипулација на две гени од тополи, со цел тие да растат побрзо и да бидат поголеми од вообичаено.
Гените наречени „PXY“ и „CLE“ го контролираат растот на стеблото. Кога се повеќе изразени, нивната активност се зголемува и дрвјата растат два пати побрзо, повисоки, пошироки и имаат повеќе лисја.
Иако е потребно да се тестира на терен, ова откритие го отвора патот за создавање на дрвја кои ќе растат многу брзо, со што ќе може да се задоволат зголемените потреби од растителна биомаса, како обновлив извор за биогоривата, хемикалиите и други материјали, а во исто време ќе се минимизира понатамошното ослободување на CO2 во атмосферата.
Покрај потенцијалот за зголемување на залихите од биомаса, ова откритие може да им помогне на растенијата да се справат со последиците од климатските промени.
„Нашиот труд отвара можност растенијата да го одржат брзиот раст и во услови на неповолни и променливи услови во животната средина, со кои веројатно ќе се соочи секое растение. Повеќето растенија, вклучувајќи ги и посевите кога ќе се соочат со неповолни услови го успоруваат својот раст, што последоватлно води и до намалување на приносите. Во иднина, можеби ќе биде возможно со манипулацијата во експресијата на гените „PXY“ и „CLE“, промените во животната средина да немаат влијание на растот на растенијата“- велат научниците.
Овој труд се надоврзува на претходно истражување од 2010 година, кога научниците ја идентификувале улогата на гените во растението „Arabidopsis“.