Како функционира компасот – 4 века од експеримент до разбирање

СПОДЕЛИ

Морепловците во Европа почнале да го користат компасот пред повеќе од 800 години, но до 17 век не било познато на кој принцип работи истиот.

Оваа едноставна механичка направа која служи за ориентација во просторот се состои од магнетизирана стрелка, чија една половина е секогаш свртена кон север. Сепак, многу долго не било познато зошто тоа се случува.

Првите научни експерименти со електрицитет и магнети ги изведувал францускиот инженер Петрус Перегринус де Марикорт уште во 1269 година, но своевремено биле потребни уште дури четири века за некој да открие дека тајната на компасот лежи во магнетизмот на Земјата.

Во меѓувреме, употребата на компасот станала распространета алатка за навигација и овозможила големи прекуокеански патувања.

Во тоа време во западна Индија се населиле и првите колонии на морнари, кои со помош на компас ја одпловиле планетата, па дури тогаш лекарот на англиската кралица Елизабета I, Вилијам Гилберт (1544–1603), го дал првото објаснување за принципот на кој работи компасот.

Гилберт поминал 17 години во истражување, собирајќи го дотогаш познатото знаење за магнетизираните и наелектризираните тела во книгата “De Magnete, Magneticisque Corporibus, et de Magno Magnete Tellure”, објавена во 1600 година.

Гилберт објаснил дека планетата Земја има свое магнетно поле кое предизвикува магнетната стрелка секогаш да е завртена на север. Покрај тоа, Гилберт го вовел поимот електрична сила и прв сфатил дека постои сличност помеѓу магнетизмот и електрицитетот, односно сличност помеѓу постојаните магнети и телата кои можат да се наелектризираат.

Дискусија

Коментари