Како изгледа денес јадрото на нуклеарниот реактор во Фукушима?

Подводен робот, кој бил пратен во еден од поплавените реактори на јапонската централа Фукушима, ги достави своите први снимки, што означува дека е направен клучен чекор кон расчистување на местото.

Роботот е наречен “Little Sunfish”, или “mini manbo”. Компанијата „Токио електрични централи“ (ТЕПКО), која го води расчистувањето, го објави првиот снимен материјал на роботот.

Минатата среда, роботот е пуштен во единицата 3 на Фукушима, еден од трите реактори кои во март 2011та година претрпеа катастрофални оштетувања, откако цунами ја погоди нуклеарната централа Фукушима Даичи. Околу 160 000 лица беа евакуирани во околните области.

На видео записите, направени со помош на овој робот, во внатрешноста на реакторот може да се види расфрлана опрема. Некои челични решетки кои функционирале како скеле, исто така биле на погрешно место, што инженерите не можеле ова да го објаснат.

Сепак, роботот не пронашол растопено гориво во првата посета која трела три часа. Следен чекор ќе биде, роботот да влезе подлабоко во единица 3, каде водата е длабока околу шест метри. Крајната цел е да се пронајде целото растопено гориво од реакторот, со што постапката за расчистување може да започне.

Роботот, односно подводниот ROV (Remotely Operated Vehicle), има дожина од само 30 сантиметри и ширина од 13 сантиметри. Опремен е со предни и задни камери и ЛЕД жици. Петте мотори, четири на задната и еден на предната страна, помагаат за управување низ Фукушима.

Процесот за расчистување на Фукушима ќе биде долг и скап. Инженерите не очекуваат дека воопшто ќе пронајдат целина од растопено гориво од трите реактори до 2021ва година. Веруваат дека процесот ќе трае околу четири децении, а трошокот се проценува на 188 милијарди долари.

Поддржете ја нашата работа: