Како изгледаат емоциите?

Емоциите се приспособуваат не само на нашата ментална, туку и на нашата телесна состојба. На тој начин не подготвуваат брзо да реагираме на опасностите, но и на пријатните социјални интеракции присутни во животната средина.

Научниците од Универзитетот Алто во Финска, со помош на уникатен топографски метод, создале мапа на телесните сензации поврзани со различни чувства.

Во истражувањето учествувале 700 доброволци од Финска, Шведска и Тајван. Во текот на пет експерименти на учесниците им биле покажани две силуети на тела, заедно со емоционални зборови, приказни, филмови и изрази на лицето. Притоа, учесниците требало да го обојат делот од телото каде што чувствувале зголемување или намалување на активноста.

Истражувањето јасно покажало дека различни емоционални состојби предизвикувале различни физички чувства во телото. Лутината, на пример, влијаела на горниот дел од телото и на рацете. Среќата во главата, љубовта во средниот дел и главата, а депресијата предизвикувала ладно чувство во рацете и нозете. Сето тоа изгледа вака.

Ова истражување е само потсетник за тоа како емоциите влијаат на нашето тело, а со тоа и на нашето здравје. Обрнувајте внимание на тоа како се чувствувате и не заборавајте, оптимистичните чувства може да ни го продолжат животот!

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt